Saturday, October 17, 2015

Размена, институции и традиционални општества

1.      Појава и развој на размената
Прв облик на размена е подарувањето. Еден од најпо-знатите првобитни форми на размена е ПОТЛАЧразмена на добра за време на празници, која е пропратена со разни ритуали. Овој вид размена е НАМЕТНАТ (обврска да се даде, да се прими и да се возврати со подарок). Прв кој го проучувал потлачот е Марсел Мос (внук на Диркем) кој сметал дека потлачот е тотален општествен феномен (во себе ги вклучува сите постоечки институции: економски, политички, религиозни и сл). Да не се возврати на подарокот значи губење на образот (угледот).
Втор познат облик на размена е КУЛА-РИНГ (го проучувал антропологот Бронислав Малиновски) е посложен тип на размена од потлачот. Ги има истите 3 аспекти, но фу-нкцијата на оваа размена е одржување на односите меѓу жителите и развивање на солидарноста. Се разменуваат школки и ѓердани кои имаат религиозна вредност, а оној што ги има е со висок углед, престиж и социјална моќ. Тука во прв план не е размената на добра со иста вредност, туку размена меѓу луѓе од еднаков ранг (социјален статус).
2.      Појава и развој на општествените институции
Општествена институција може да се дефинира како механизам на социјална структура составен од збир на правила и цели. Па така, првите институции кои се појавиле биле:
а) Земјишна сопственост – се појавува бидејќи луѓето престанале да се движат (да бидат номади) и морале да почнат да поседуваат земја за обработка. Во склоп на оваа институција, се појавуваат и првите закони и норми за регулирање на правото на сопственост.
б) Држава – како институција, се појавува во оној момент кога се појавува поделбата на трудот (во земјоделските општества) и појавата на вишок производи Државата на почетокот се појавува како институција која ќе ја обе-збедува, одржува и гарантира состојбата на одредена заедни-ца (општество). Основните функции на државата  биле:
- Да ја заштити сопственоста врз приватното поседување на земја;
- Да ги заштитува односите меѓу групите со различна положба во општеството;
- Да ја одржува сопствената власт на одредена територија.
в) Семејство – во првобитните општества, семејството било исто што и групата. Подоцна, во рамките на земјоделските општества, се појавува семејството како основна опште-ствена група. Доминантен облик на семејна организација е патријархалното семејство, кое воедно било и автархично (самодоволно, произведувале онолку колку што им треба).
г) Религија – е исклучително важна институција кога станува збор за уредувањето на односите меѓу луѓето. Таа се дефинира како систем од верувања кои се однесуваат на натприродните нешта. Во земјоделските општества, луѓето биле зависни од природата, па затоа во овие општества тие биле многу порелигиозни.
3. Традиционалните држави и промените во традиционалните општества
Поимот држава прв го употребил Николо Макијавели во 16 век со кој сакал да дефинира механизам (орган) на владејачката класа за спроведување на класните интереси
-         Државата е историска категорија (создадена е некогаш, и некогаш мора да исчезне)
-      Со развојот на поделбата на трудот, појавата на приватната сопственост, зголемувањето на јазот меѓу богати и сиромашни, се појавува нова општествена организација
-       Една од најзначајните теории за настанокот на државата е онаа на Маркс, според која, државата се појавила тогаш и таму кадешто општеството почнало да се дели на две непомирливи класи (кои константно се во конфликт)
Државите кои настанале во рамките на традиционалните општества се т.н. традиционални држави.
За да подобро се разберат овие општества, неопходно е да се објасни поимот традиција, кој потекнува од латинскиот збор tradere, кој значи пренесување. Па така, традицијата може да ја дефинираме како збир на општествени практики кои застапуваат одредени норми и вредности кои се во конти-нуитет (поврзани) со минатото (традиција е она што доаѓа само по себе и за кое не се прашува, не станува збор). Со текот на времето, традиционалните општества биле подло-жни на промени со што се променила целокупната структура на таквите општества. Постојат три фактори:
1.      Еволутивниот тек на внесување иновации(промени) во заедницата, природен тек на промените. Треба да се спомне дека членовите на традиционалните општества многу тешко ги прифаќале промените, морало да проверуваат по којзнае колку пати за да прифатат некоја иновација, промена.
2.      Наметнувањето политичка власт од друга држава (колонијализмот) во голема мера ги видоизменувал општествата, бидејќи една држава својот политички и соци-јален контекст го наметнува врз некоја друга држава
3.      Индустријата/индустријализацијата – овозможила ситуација во која оние селани кои неможеле да се снајдат во традиционалните општества (села) морале да одат во градот да работат во индустрискиот сектор. Тоа било на почетокот на појавата на индустријата, но понатаму, се појавил процен на масовна урбанизација и миграција од село во град, каде што условно кажано, постоеле подобри услови за живот на луѓето.





Општествата во текот на историјата

Историјата на човештвото не почнува со појавата на државата и писменоста, напротив, постои еден период од околу 600 000 години. Од технолошки аспект, општествата може да се поделат на:
а) Општества на собирачи и ловци – се всушност првите општества во историјата на човекот. Наречени се уште и првобитни. Овие општества имаат неколку карактеристики како на пример фактот дека најголем дел од времето го минувале во ловење и собирање плодови. Не постоела развиена поделба на трудот и членовите на овие општества биле премногу зависни од природата. Кога сме кај членовите на овие општества, треба да се напомене дека тие биле номади (често се преселувале од едно во друго место, т.е. немале постојано живеалиште).
Бидејќи не постоел никаков вид на сопственост, луѓето тука биле целосно соединети со колективот (заедницата) и токму затоа не се разликувале едни од други. Што се однесува до нивниот систем на правила (нормативен систем), во овие општества на постоел развиен нормативен систем, туку нивното однесување било поврзано со табуата (забрани). Овие забрани биле во функција на одржување на заедницата. Прекршувањето на табуата секогаш носело одреден вид на санкција (казна), која пак, секогаш била надворешна, т.е. доаѓала од другите членови и тоа најчесто во форма на срам (оној што ќе го прекршел табуто, бил столбот на срамот).
Кога станува збор за семејството, треба да се напомене дека во првобитните општества поимот семејство се преклопувал со групата, во која не биле регулирани сексуалните односи. Подоцна се развил посебен вид на семејство, наречен пуналуа (една група на мажи стапуваат во брак со една група на жени). Развојот на семејството подоцна го носи синдијазмичкото семејство кое било сочинето од неколку парови на мажи и жени.
б) Сточарски и земјоделски општества – се појавуваат во оној момент кога луѓето почнале да припитомуваат животни и да ги користат нивните производи. Луѓето тука биле полу-номади, бидејќи преку лето морале да бидат на планините со животните, а зимно време биле во низините. Тука, за прв пат доминантни стануваат ритуалите, кои пред се, биле насоче-ни кон животните за да луѓето имаат поголема корист од нив.
Меѓутоа, земјоделските општества се појавуваат со појавата на сопственоста (Жан Жак Русо вели дека сопственоста се појавила оној момент кога некој поединец заградил парче земја и рекол дека е негово, на што и останатите му пове-рувале). Со овие две промени, се променува и структурата на самите општества. Имено, луѓето веќе не се номади, туку нивното живеалиште се одредувало според тоа каде им е земјата за обработка. Овој вид на општества се појавува некаде пред 10 000 години и доминираат се до индустри-ската револуција. Првите вакви општества се создаваат по тековите на најголемите реки бидејќи земјата таму е на-јплодна. Токму затоа, првите облици на системите за наводнување се појавуваат во земјоделските општества

в) Индустриско општество – се појавува некаде крајот на 18 и почетокот на 19 век. Ова е сосема различен вид на општество од претходните, бидејќи земјоделството станува секундарна активност на луѓето, а индустријата (појавата на машини, фабрики и сл) зема централно место. Со појавата на индустријата се случуваат низа промени кои го опфаќаат семејството, начинот на живот и местото на живеење (повеќе за индустриското и по-стиндустриското општество во темата Глобализација).

Tuesday, September 29, 2015

Методи во социологијата (II година)

Поимот метод во секојдневниот говор најчесто се сфаќа како начин на работа, постапка или процедура. Меѓутоа, кога станува збор за научниот метод, тој најчесто се дефинира како објективно и систематско опишување и објаснување на појавите. Несомнено е дека научниот метод е од огромно значење за науките, и токму затоа ќе ги спомнеме основните карактеристики на секој научен метод:
Целисходност – поставување на една цел која треба да се постигне;
Организираност и систематичност – Поставените цели треба да се реализираат по одреден редослед и по однапред утврдени процедури, постапки и активности;
Накратко ќе истакнеме што треба да содржи едно истражување:
Идеја за истражување или проблем за решавање – Темите за истражување може да произлезат од најразлични извори: одредена литература, дневен весник, сопствено искуство и сл;
Формирање хипотеза – Хипотеза е поим кој означува можно решение на одреден проблем (непроверено тврдење). Формирањето на хипотези е битно бидејќи тие треба да покажат дали феномените кои се истражуваат се меѓусебно поврзани.
Истражување – Тука се тестираат (проверуваат) хипотезите. На пример, дали навистина учениците/студентите кои доаѓаат од рурални средини покажуваат повисок степен на религиозност во однос на оние кои се од урбаните средини.
Понатаму, секој научен метод е составен од три делови:
1.      Теорија – е се она што се знае за одредена појава (збир на меѓусебно поврзани дефиниции и односи). Теоријата, во најопшта смисла, има ориентациона функција-водич (дава насоки кон кои треба да се одвива едно истражување);
2.      Логика – Во овој дел, се утврдуваат правилата и редоследот на истражувањето и постапките (поставување хипотези, нивна проверка и докажување);
3.      Посебни методи на истражување

Во социологијата, постојат техники за прибирање податоци и тука спаѓаат: анкета, интервју и прашалник, потоа техники или методи за средување на податоците (класифи-кација) и техники за толкување, односно мерење како што се: социометријата, компаративниот метод (споредба помеѓу две општествени појави).

Социолошки теории (II година)

Во социологијата, како што има најзначајни претставници, така има и најзначајни теории. Во овој контекст, ќе ги разгледаме трите најдоминантни теории во социологијата:
Функционализам или некаде се сретнува како структурален функционализам, e теорија која се појавува во 19 век, а во доминантна теорија ја развиле американските социолози во средината на 20 век. Функционализмот е заснован врз неколку идеи, од кои една е онаа на Диркем, според која целината има превласт над деловите (колективната свест).
Функционализмот е макро теорија според која, општеството е составено од повеќе делови кои меѓусебно се поврзани и се надополнуваат, и секој од тие делови исполнува одредена функција. Имено, функционалистите сметаат дека општеството е еден организиран систем на односи меѓу лу-ѓето, а општествената акција е однесување кое допринесува за одржување на системот. Истата таа општествена акција која ја преземаат и вршат луѓето, е заснована врз вредносни системи. Целиот општествен систем е составен од акции кои ги преземаат поединците. Еден од најзначајните претставници на оваа теорија е Талкот Парсонс, кој се обидел да го објасни својот пристап преку примерот со тркалото од велосипед. Имено, општеството го замислувал како тркало составено од повеќе шпици. Секоја од тие шпици означува еден дел од општеството (економија, религија, култура, семејство и сл.). Доколку една од тие шпици не функционира, нема да се забележи поголема разлика, но доколку поголемиот број од шпиците (деловите на општеството) не функционираат, тогаш тркалото (опште-ството) станува дисфункционално (или со терминологијата на Диркем, аномично).
Покрај Парсонс, други важни претставници на оваа теорија се: Роберт Мертон био, Кингсли Дејвис, Вилберт Мур и др.
Теорија на конфликт Иако конфликтот од секогаш имал централно значење во социолошката мисла, сепак дури во средината на 20-от век конфликтната теорија заземала зна-чајно место меѓу другите социолошки теории. Според оваа теорија, општеството е во состојба на постојан конфликт и натпревар за ограничени ресурси. Оваа теорија ги користи концептите на економскиот конфликт меѓу класите кај Маркс, и конфликтот околу моќта кај Вебер. Исто така, акцентот тука е ставен на интересите за моќ и богатство, а не на вредностите и нормите како кај функционализмот. Имено, оние што ги контролираат и располагаат со ресурсите, од главен интерес им е да ги експлоатираат оние што се сиромашни и немаат пристап до општествените ресурси (моќ, пари, работа) а во исто време истите тие поединци имаат поголеми шанси да го наметнат својот систем на идеи (размислување). Оваа теорија се заснова врз три принципи:
-         Натпреварот (конфликтот) околу скудните ресурси е основен градбен елемент на општествените релации (врски);
-         Нееднаквостите во моќта и богатството се вградени во сите општествени интеракции;
-         Промените во општеството скоро секогаш настануваат како резултат на конфликтите;
Најзначајни претставници се Луис Козер, Ралф Дарендорф био и др. и сите тие се под влијание на Карл Маркс, Макс Вебер и др.
Симболички интеракционизаме теорија чиј најзначаен претставник е Џорџ Мид, според кој, општеството е составено од поединци кои стапуваат во интеракција (комуникација). Предмет на анализа на оваа теорија е интеракцијата која се состои од симболи кои пак, се основа на секоја комуникација. Односно, примарната цел е анализа на значењето кое го има секојдневието преку разбирање и објаснување на различните облици на човековата интеракција. Оваа теорија се развива во 20-те години на минатиот век на Универзитетот во Чикаго био, меѓутоа како влијателна теорија започнува да биде 60-те години на 20-от век. Друг значаен претставник на оваа теорија е Ирвинг Гофман (микросоциолог), кој развил пристап наречен драматуршки концепт, во кој секојдневниот живот го споредува со театарската сцена. Гофман е преокупиран со начините на кои луѓето глумат (стапуваат во интеракција со другите луѓе и оставаат впечатоци), и притоа ќе истакне дека глумата на луѓето не е лажна, туку тие глумат се со цел да ги убедат другите во она во што самите актери сакаат да се претстават. Линк до презентацијата



Линк до филмот Чија е тази песен

https://www.dropbox.com/s/89tjpvug0p76b3q/%D0%A7%D0%B8%D1%8F%20%D0%B5%20%D1%82%D0%B0%D0%B7%D0%B8%20%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD_%20%282003%29.mp4?dl=0

Sunday, September 27, 2015

Социолошки теории (III година)

Како и секоја друга наука, така и социологијата има своја теоретска позадина. Во социологијата постојат различни теории кои обработуваат различни општествени аспекти, но три од нив се издвојуваат како најзначајни:
Функционализам (макро теорија) – Оваа теорија денес не ужива голема поддршка, меѓутоа во 60-те години на минатиот век, беше најдоминантен теоретски поглед. Су-штината на функционализмот се состои во тоа што општеството го објаснува како тоталитет, целина од повеќе делови кои се меѓусебно поврзани и секој од тие делови има своја функција. Еден од најзначајните претставници на оваа теорија е Талкот Парсонс, кој се обидел да го објасни својот пристап преку примерот со тркалото од велосипед. Имено, општеството го замислувал како тркало составено од повеќе шпици. Секоја од тие шпици означува еден дел од општеството (економија, религија, култура, семејство и сл.). Доколку една од тие шпици не функционира, нема да се забележи поголема разлика, но доколку поголемиот број од шпиците (деловите на општеството) не функционираат, тогаш тркалото (општеството) станува дисфункционално. Исто така, функционалистите веруваат дека нормите и вре-дностите  се неопходни за нормално функционирање на општеството
Критиката која се упатува на оваа теорија се состои во тоа што премногу го неутрализира и минимизира влијанието на богатството и моќта во формирање и регулирање на поврза-носта меѓу деловите на општеството, како и тоа дека функционализмот не дава конкретно објаснување како и зошто класните, расните и родовите нееднаквости преди-звикуваат нестабилност во општествата.
Теорија на конфликт (макро теорија) – Оваа теорија се појавува во втората половина на 20-от век, и истата се темели врз тезата дека општеството е една структура полна со тензии, конфликти и противречности. Претставниците на оваа теорија сметаат дека нееднаквостите што постојат во општествата, се поттикнувачи на конфликтите, а тие пак, се главен носител и двигател на човечките односи. Оваа теорија го нагласува значењето на интересите над вре-дностите и нормите. Она што доминира во оваа теорија се концептите на моќ и богатство, имено, сите ние се бориме во едно општество за повеќе работи, без разлика дали таа борба е за поголема моќ во бракот, или поголемо богатство од другите во средината во која живееме. Најзначајни претставници на оваа теорија се Карл Маркс, Макс Вебер и Ралф Дарендорф.

Симболички интеракционизам (микро теорија) – Според оваа теорија, општеството е составено од индивидуи кои комуницираат со помош на симболи, зборови, мимики, body language и сл. Претставниците на оваа теорија (Џорџ Мид како најзначаен) сметаат дека основата на секое општество лежи во постоењето на симболи, со чија помош поединците создаваат свест за себе но и за она што ги опкружува. Но симболите, ќе рече Мид, не се универзални, туку се релативни, бидејќи директно зависат од културата во која се создадени. Друг значаен претставник на оваа теорија е Ирвинг Гофман со неговиот т.н. драматуршки пристап, во кој тој животот на луѓето (секојдневните интеракции) го споредува со глумење. Тој ќе рече дека секој поединец, во зависност од социјалната ситуација во која се наоѓа, користи (става) одредена маска. Глумењето во оваа ситуација не треба да се сфати како лажно претставување, туку напротив, луѓето глумат (ставаат маски) се со цел да ги убедат другите во она во што тие сакаат да се претстават. 

Социолошки системи во 19 век (III година)

Социологијата е релативно нова (млада) наука, која се воспоставува како посебна наука во првата половина на 19 век. Тоа е прилично бурен општествен период во кој се случиле или се случувале повеќе значајни историски настани како индустриската револуција, последиците од Француската буржоаска револуција, последиците од рене-сансата и сл. Како најзначајни претставници на социологијата се спомнуваат:         
 Огист Конт кој за првпат го употребил поимот социологија и притоа разликувал социјална статика (дел кој треба да ја проучува општествената структура) и социјална динамика (дел кој треба да го проучува општествениот развој, односно општествените законитости). Исто така, Конт е познат и по настојувањето во социо-логијата да се употребуваат истите оние методи кои се присутни во природните науки, наречено позитивизам.
Карл Маркс  е претставник на т.н. историски матери-јализам (правец според кој најголема движечка сила за развојот на едно општество е економскиот аспект и посто-ењето на класната борба), или методолошки пристап кон проучување на општеството, според кој, промените во материјалните аспекти (технологија и производствен капацитет) се примарен фактор за тоа како едно општество и неговата економија се организирани.
Според Маркс, денешното капиталистичко општество е составено од две класи кои се во постојана борба: капи-талисти (оние кои ги поседуваат средствата за производство) и работници – пролетеријат (они кои ја изнајмуваат својата работна сила на капиталистите)
Емил Диркем е на некој начин основач на социологијата во Франција. Тој во своето учење разликува постоење на: колективна свест (начини на мислење и однесување во кои спаѓаат религијата, моралните норми и сл) и индивидуална свест (тука спаѓаат индивидуалните карактеристики на секој поединец). Исто така тој разликува и два вида на општества: општество на механичка солидарност ( во кое не постои развиена поделба на трудот) и општества на органска солидарност ( во кои поделбата на трудот е на високо ниво).
 Макс Вебер е можеби најзначајниот социолог во 20-от век. Тој сметал дека социологија-та како општествена наука, како примарен предмет на проучување треба да го има социјалното дејствување (општествена акција).
Вебер пишува и за т.н. идеални типови (кои претставуваат модели на однесување со чија помош се класифицираат поединците во едно општество). На пример, за да полесно се разбере човековото дејствување, социологот гради еден идеал типски концепт на дејствување, и кој е ослободен од сите евентуални фактори кои би го замаглиле на некој начин овој идеален тип на однесување. Потоа, на тој идеал типски концепт му се спротиставуван еден вистински модел на однесување, и двата модели потоа се споредуваат за да се видат разликите.


Основачи на социологијата (II година)

Социологијата како општествена наука се занимава со систематско проучување на социјалното однесување на луѓето. Таа е наука за социјалниот живот на човекот – поединец, групата и општеството. Нејзиното подрачје е многу широко и навлегува во повеќе аспекти од животот во една заедница (семејство, религија, култура и сл). Но кога и како социологијата се воспоставила како наука?
Социологијата се јавува прилично доцна во развојот на науките (втора половина на 19 век) Појавата на оваа наука највеќе била овозможена од тенденцијата проучувањето на општеството да се издвои од економската наука, но и како резултат на неколку значајни општествени промени (индустриската револуција, напуштањето на феудалниот систем, како и последиците од Француската буржоаска револуција од 1789). Исто така, неколку поединци се најзаслужни за местото кое социологијата го има денес:
Огист Конт био (1798-1857) е француски социјален теоретичар кој всушност го дал името социологија. Тој го застапува она што се нарекува позитивистичка филозофија ( до знаење се доаѓа преку систематско набљудување и експериментирање, т.е методите и начините на работа во природните науки, треба да бидат модел за истражувањето во општествените науки). Неговото размислување се заснова на тезата дека социологијата како наука има два дела: соци-јална статика (ги проучува аспектите кои допринесуваат за стабилност на едно општество (јазик, култура, религија) и социјална динамика (го проучува општествениот развој, т.е. законитостите кои постојат во едно општество).
Емил Диркем био (1858-1917) со право се смета за еден од најзначајните социолози не само на 20-от век, туку и до ден денес, неговото учење многумина го сметаат за појдовно во сите нивни концепции. Неговите дела опфаќаа голем дел од значајните општествени делови, па така неговото проу-чување на религијата е пренесено во делото „Елементарни облици на религискиот живот", неговото методолошко стојалиште е објаснето во делото „Правила на социолошкиот метод, потоа следат делата „Самоубиствои „Општестве-ната поделба на трудотво кое доминантен дел завзема неговата поделба на општествата на оние со механичка солидарност (во кои поделбата на трудот е на минимално ниво) и оние со органска солидарност (во кои доминира висок степен на поделба на трудот).
Исто така, Диркем е значаен по тоа што меѓу првите, се обидел да направи детална компарација (споредба) помеѓу општеството како целина и човековиот организам, споре-дувајќи ги деловите на организмот и нивната функција со деловите на општеството и нивната функција (религија, култура, економија, семејство и сл). Тој понатаму, застапува теза дека општеството е многу позначајно отколку неговите членови. Општеството, ќе рече тој, е sui generis (креација сама за себе, со уникатни карактеристики).
Карл Маркс био (1818-1883) е можеби еден од најко-нтроверзните научници кои се занимавале со одредени аспекти на социологијата. Неговото учење се нарекува исто-риски материјализам (крајната причина и движечка сила на сите општества е економскиот развој, поделбата на општеството на класи и класната борба). Токму заради ова, Марксовата концепција за социологијата е материја-листичка (општеството се дефинира преку самите поеди-нци и како тие дејствуваат и материјално произведуваат). Основна задача на науката за општеството, ќе рече Маркс, е да ги истражува промените во општеството, т.е. како се со-здава, одржува и менува еден начин на општествен живот
За Маркс, во секое општество во историјата, постои класна борба помеѓу две класи: Оние што владеат, и оние над кои се владее (владеани). Во робовладетелските општества, тоа биле робовладетелите и робовите, во феудалните општества, тоа биле феудалците и закрепостените селани, а денес, во капиталистичкото општество, тие две класи се капита-листите (сопственици на средствата за производство и капиталот) и работници – пролетеријат (луѓе кои ја изнајмуваат својата работна сила кај капиталистите). Помеѓу овие две класи, според Маркс постои вечна борба: капиталистите се трудат да заработат што повеќе на сметка на работниците, а што помалку да ги платат истите. Тој го нарекува овој однос експлоататорски, и истакнува дека во иднина, ќе се појави ситуација на диктатура на проле-теријатот, што е претходник на т.н. комунистичко општество (во кое нема да постојат никакви класи)

Макс Вебер био (1864-1920) заедно со Диркем и Маркс, се сметаат за „светото тројство на социологијата. Она по кое се препознава Вебер е неговото настојување социологијата да се разбере како наука која како главен предмет на проучување ќе го има социјалното дејствување (опште-ствената акција). Исто така, тој е познат по своето најпознато дело „Протестантска етика и духот на капи-тализмот во кое тој зборува дека почетоците (основите) на капитализмот се наоѓаат во религијата, односно во етичкиот аспект на протестантската религија - должноста кон Бога (спасение) се исполнува со тоа што протестантите силно се залагаат кон својата работа, што поголема зара-ботувачка и нејзина реинвестиција).  

Friday, September 25, 2015

Нациите и националните држави, Постблоковски свет и новиот светски поредок (IV година)

Поимот нација е продукт на државата, сфатена како политичко-територијална заедница која влијае на своите граѓани преку легитимно избрана власт. Појавата на нацијата е неминовно поврзана со развојот на заеднички пазар, култура и религија и затоа нацијата се дефинира како заедница на луѓе со заедничко потекло, јазик, култура, религија и единствена територија на која живеат. 
Постојат извесни разлики помеѓу поранешните, традици-онални држави и денешните, модерни нации-држави:
НАЦИИ-ДРЖАВИ ДЕНЕС
ТРАДИЦИОНАЛНИ ДРЖАВИ
Сите нации-држави се суверени (државата има власт на одредена територија со јасно означени граници
Границите никогаш не биле јасно означени
Граѓаните на една нација-држава имаат исти права и обврски (припаѓаат на одреден ист политички поредок)
Повеќето граѓани немаат скоро никакви права (само припа-дниците на буржоазијата имале одредени права и обврски)
Присутен е национализмот (чувство на припадност и солидарност кон одредена политичка заедница (држава)
Во традиционалните држави, поимот национализам воопшто не е присутен

Вреди да се спомнат и двете фази низ кои поминала денешната нација-држава:
-          Либерална фаза (19 век) каде што улога на државата е да обезбедува суровини користејќи дипломатија и воена сила;
-          Организирана фаза (20 век) во која државата ја презема одговорноста за национа-лната економска благосостојба (концептот на well fare state од лани J )
После Втората светска војна, на голем дел од државите им станало јасно дека е неопходен глобален систем на заштита за нормално функционирање на државите. Меѓутоа, факт е дека после 1945, светот се подели на две сфери на влијание: едната на Запад на чело со САД, и другата на Исток на чело со СССР. И двете сфери на влијание создаваат свои воени сојузи (НАТО и Варшавски сојуз). Но и двете страни стравуваа од нуклеарна војна, што беше многу веројатно да се случи почетокот на 60-те години на 20-от век, како кулминација на заострените односи меѓу САД и СССР познати под името Студена војна.
Сепак, во 1989 година Источниот блок се распаѓа, СССР се распадна, Русија се појави како најголем фактор на влијание на Истокот. Тука се појавува поимот нов светски поредок (за прв пат овој термин е употребен од Џорџ Буш постариот) сакајќи да алудира на создавањето нов поредок, на чие чело ќе застане САД (американизациј/вестернизација). Овој нов светски поредок има неколку карактеристики:
-                 Висок степен на меѓузависност на државите;
-          Нееднаква распределба  на економската, политичката и воената моќ, изразена преку постоење на земји од т.н Прв, Втор и Трет свет;
-          Создавање на новиот светски поредок под директно влијание на САД;

Транзиција и современо македонско општество (IV година)

Терминот транзиција стана особено актуелен во 1989 година, кога со падот на Берлинскиот ѕид, се распаднаа и повеќето социјалистички земји. Во најголемиот дел од овие земји, започна еден процес на преминување од еден во друг општествен систем, а кој процес беше наречен транзиција. Овој премин се одликува со неколку аспекти (економски, политички и социјални промени). Исто така, се состои и од три фази:
-          Фаза на пропаѓање на социјализмот
-          Фаза на транзициски промени
-          Фаза на воспоставување демократски вредности
Првата фаза се состои од промените кои доведоа до пропаѓање на социјалистичките земји и конкретно во СФРЈ, речиси секаде беше вклучено насилство и крвопролевање. Македонија како дел од СФРЈ, излезе релативно по мирен пат, и во 1991 се осамостои и изгласа независност.
Втората фаза се состои од фактичко спроведување на неколку круцијални реформи кои се неопходни за процесот на транзиција. Во РМ, најголеми промени кои се случија беа:
-          Приватизација, процес кој подразбира промена на сопственичката структура (од државна во приватна). Овој процес во РМ заврши прилично неуспешно, бидејќи со самото приватизирање се постигна спротивен ефект: нагло се затворија повеќето фирми и фабрики, и аналогно, нагло се зголеми бројот на невработени. Ова покажува дека овој процес им послужи само на одредена група на луѓе (номенклатура) кои набрзина се искачија на врвот на сто-панството и економијата.
-          Политички промени, кои највеќе се однесуваат на промената од едно партиски во повеќе партиски систем, на кој народот ќе ја избира власта на демократски избори.

-          Демократски вредности  кои треба да се имплементираат во македонското општество, а кои денес, се за жал, нефу-нкционални. Имено, транзицијата во РМ придонесе само за зголемена маргинализација и осиромашување на граѓанинот, кој впрочем, треба да биде столбот на едно демократско и граѓанско општество.

Постиндустриско општество, постматеријализам и постмодернизам (IV година)

1.      Постиндустриско општество, постматеријализам и постмодернизам
Постиндустриското општество се појавува некаде крајот на 60-те години на 20-от век, и означува тип на општество во кое доминира знаењето. Прв кој го употребил овој термин е социологот Даниел Бел, со кој сакал да означи општество во кое сопственоста е заменета со знаење, кое пак, станува централна преокупација и извор на моќ. Имено, тоа е општество во кое знаењето најчесто се поврзува со употребата на компјутери, микропроцесори и електронска комуникација. Овој вид општество има одредени каракте-ристики:
-       -    Населението претежно е вработено во терцијалниот сектор (трговија, услуги, финансии, транспорт, образование и сл)
-  - Се создаваат посебни и нови занимања засновани врз производство на информации и знаење;
Постматеријализмот потекнува од материјализмот, кој пак од филозофски аспект, претставува учење според кое материјата е основа на сите предмети, појави и процеси. Но од социолошки аспект, материјализмот се сфаќа како правец во чиј фокус е културната вредност, акумулацијата на материјални предмети (сопственост), т.е. производството и репродукцијата се основни социјални процеси кои влијаат на општествениот систем.
Постматеријализмот пак (прв кој го употребил овој поим е Роналд Инглхарт Био) се сфаќа како транзиција на индивидуалните вредности како материјални кон нови вредности како што се автономија или самоизразување. Бидејќи светот е зафатен со огромни еколошки проблеми, постматеријализмот е излезот, т.е. решението за тој проблем,т.е. надминување на материјалистичкиот поглед на светоти поставување нови начела и вредности (поставување граници на популацијата, граници во развојот на техноло-гијата и сл.)
Поимот постмодернизам е креација на Арнолд Тојнби(био), кој смета дека поимот укажува само на една состојба во која се наоѓаат најразвиените модерни општества. А модерни општества се оние кои фигурираат во првата половина на 20-от век и во кој имало:
-          Јасна класна поделеност на луѓето;
-          Јасна сопственичка структура;
-          Развиена модерна индустрија

Во постмодерното општество, ќе истакне Тојнби, различните класи се декомпонираат, т.е. се разложуваат и се доаѓа до ситуација кога општествената нееднаквост се дефинира преку потрошувачката, а не преку производството како што било до тогаш. Како главни карактеристики на постмо-дернизмот се посочуваат: отсуство на емоции и доминација на технологијата (ТВ, компјутери) кои не се огледало на стварноста, туку се креатори на стварноста.

Friday, May 22, 2015

Цркви - секти и секуларизација

Во социологија на религијата како посебна дисциплина, доминира типологијата цркви – секти како еден вид на религиска организација. Се со цел подобра илустрација, ќе ги наведеме карактеристиките и на црквите и на сектите:
Црквата претставува голема бирократска и хиерархиска религиска организација која ги има следниве каракте-ристики:
а) Бара универзалност така што сите членови на едно општество, автоматски би се сметале и за членови на цр-квата (го држи верскиот монопол и не трпи конкуренција);
б) Црквата се одликува со висока организација и биро-кратија;
в) Црквата има образовано, професионално свештенство со полно работно време;
г) Членството во црквата се стекнува автоматски по пат на социјализација на децата;
Сектата пак, од друга страна се определува како издвоена и затворена религиска група која се одвоила од христи-јанската религија но притоа задржувајќи неколку фундаментални елементи од христијанството.  Името секта доаѓа од латинскиот збор secare, што значи дели, одвојува. Иако слична, сепак сектата застапува одредена спротивста-веност кон црквата, нејзиното учење, организација и власт. Ги има следниве карактеристики:
а) Сектата се смета за заедница на Избраниот;
б) Недоволна организација и бирократија;
в) Намерно е мала по големина и нема образовано свеште-нство;
г) Сектата се занимава со прашања за „оној свет (рај, пекол, спасение и сл);
д) Членовите на сектите потекнуваат главно од пониските општествени слоеви

2. Секуларизација – е процес својствен за модерните индустриски и постиндустриски општества во кој религиозните верувања и идеи го губат општественото значење. Ослабувањето на влијанието на црквата се мери најчесто со бројот на посететители (верници) за време на празници и литургии и сл. Застапниците на процесот на секуларизација сметаат дека тоа е неизбежен процес односно последица од растежот и влијанието на индустриското општество и модернизацијата на културата. Имено, тие се убедени дека модерната наука доведе до ситуација во која традиционалните (религиозни) верувања се се помалку прифатливи, бидејќи влијанието на технологијата е огромно. Технологијата им даде на луѓето поголема контрола на околината, правејќи ја идејата за семоќниот Бог помалку значајна и прифатлива.

Веберовото сфаќање за религијата

Вебер, еден од најголемите теоретичари на социологија на религијата, смета дека религијата е еден вид на раци-онализација„ на човековото страдање, односно дека религијата му дава смисла на човековиот живот кој е исполнет со страдање и неправда. Религијата ќе рече Вебер, нуди објаснување и оправдување на среќата и несреќата, бидејќи човекот ќе ги издржи и најголемите несреќи ако тие се стават во некој систем што дава смисла и значење.

Во едно од најпознатите дела, Протестантска етика и духот на капитализмот„ Вебер ја објаснува врската помеѓу теолошката (религиска) доктрина на протестантите и развојот на модерниот капитализам. Протестантите верувале во идејата дека Бог одбира одреден број на луѓе за во рајот и пеколот, уште пред тие да се родат, и што и да направат тие луѓе, не можеле да влијаат врз Божјата одлука. Затоа сите протестанти живееле под огромен психолошки притисок да живеат праведно, ама не за да ја сменат Божјата одлука, туку да си докажат себе си и на другите дека баш тие се меѓу одбраните за во рајот. Еден од начините за таа цел бил еко-номскиот успех стекнат преку чесност, дисциплинираност, и кој се засновал врз тоа целото заштедено богатство да се реинвестира постојано. Имено протестантите сметале дека целта на стекнување на богатство не се потрошувачката и уживањето (хедонистички аспект), туку зголемување на ма-теријалното богатство (едно од етичките правила за испо-лнување на должноста кон Бог). Оттука, Вебер изведува заклучок дека модерниот капитализам е настанат како резултат на овие етички правила кај протестантите за штедење и реинвестирање. Меѓутоа, треба да се напомене дека Вебер е убеден дека протестантската етика не е при-чина за појавата на модерниот капитализам, ама е еден од нужните услови за неговото појавување.