Sunday, September 27, 2015


Социолошки системи во 19 век (III година)

Социологијата е релативно нова (млада) наука, која се воспоставува како посебна наука во првата половина на 19 век. Тоа е прилично бурен општествен период во кој се случиле или се случувале повеќе значајни историски настани како индустриската револуција, последиците од Француската буржоаска револуција, последиците од рене-сансата и сл. Како најзначајни претставници на социологијата се спомнуваат:         
 Огист Конт кој за првпат го употребил поимот социологија и притоа разликувал социјална статика (дел кој треба да ја проучува општествената структура) и социјална динамика (дел кој треба да го проучува општествениот развој, односно општествените законитости). Исто така, Конт е познат и по настојувањето во социо-логијата да се употребуваат истите оние методи кои се присутни во природните науки, наречено позитивизам.
Карл Маркс  е претставник на т.н. историски матери-јализам (правец според кој најголема движечка сила за развојот на едно општество е економскиот аспект и посто-ењето на класната борба), или методолошки пристап кон проучување на општеството, според кој, промените во материјалните аспекти (технологија и производствен капацитет) се примарен фактор за тоа како едно општество и неговата економија се организирани.
Според Маркс, денешното капиталистичко општество е составено од две класи кои се во постојана борба: капи-талисти (оние кои ги поседуваат средствата за производство) и работници – пролетеријат (они кои ја изнајмуваат својата работна сила на капиталистите)
Емил Диркем е на некој начин основач на социологијата во Франција. Тој во своето учење разликува постоење на: колективна свест (начини на мислење и однесување во кои спаѓаат религијата, моралните норми и сл) и индивидуална свест (тука спаѓаат индивидуалните карактеристики на секој поединец). Исто така тој разликува и два вида на општества: општество на механичка солидарност ( во кое не постои развиена поделба на трудот) и општества на органска солидарност ( во кои поделбата на трудот е на високо ниво).
 Макс Вебер е можеби најзначајниот социолог во 20-от век. Тој сметал дека социологија-та како општествена наука, како примарен предмет на проучување треба да го има социјалното дејствување (општествена акција).
Вебер пишува и за т.н. идеални типови (кои претставуваат модели на однесување со чија помош се класифицираат поединците во едно општество). На пример, за да полесно се разбере човековото дејствување, социологот гради еден идеал типски концепт на дејствување, и кој е ослободен од сите евентуални фактори кои би го замаглиле на некој начин овој идеален тип на однесување. Потоа, на тој идеал типски концепт му се спротиставуван еден вистински модел на однесување, и двата модели потоа се споредуваат за да се видат разликите.


No comments:

Post a Comment