Терминот транзиција стана особено актуелен во 1989
година, кога со падот на Берлинскиот ѕид, се распаднаа и повеќето
социјалистички земји. Во најголемиот дел од овие земји, започна еден процес на
преминување од еден во друг општествен систем, а кој процес беше наречен транзиција. Овој премин се одликува со
неколку аспекти (економски, политички и социјални промени). Исто така, се
состои и од три фази:
-
Фаза
на пропаѓање на социјализмот
-
Фаза
на транзициски промени
-
Фаза
на воспоставување демократски вредности
Првата фаза се состои од промените кои доведоа до
пропаѓање на социјалистичките земји и конкретно во СФРЈ, речиси секаде беше
вклучено насилство и крвопролевање. Македонија како дел од СФРЈ, излезе
релативно по мирен пат, и во 1991 се осамостои и изгласа независност.
Втората фаза се состои од фактичко спроведување на
неколку круцијални реформи кои се неопходни за процесот на транзиција. Во РМ,
најголеми промени кои се случија беа:
-
Приватизација, процес кој подразбира промена на сопственичката структура (од државна во
приватна). Овој процес во РМ заврши прилично неуспешно, бидејќи со самото
приватизирање се постигна спротивен ефект: нагло се затворија повеќето фирми и
фабрики, и аналогно, нагло се зголеми бројот на невработени. Ова покажува дека
овој процес им послужи само на одредена група на луѓе (номенклатура) кои
набрзина се искачија на врвот на сто-панството и економијата.
-
Политички промени, кои највеќе се однесуваат на промената од едно партиски
во повеќе партиски систем, на кој народот ќе ја избира власта на демократски
избори.
-
Демократски вредности кои треба да се
имплементираат во македонското општество, а кои денес, се за жал,
нефу-нкционални. Имено, транзицијата во РМ придонесе само за зголемена
маргинализација и осиромашување на граѓанинот, кој впрочем, треба да биде
столбот на едно демократско и граѓанско општество.
No comments:
Post a Comment