Friday, September 25, 2015


Нациите и националните држави, Постблоковски свет и новиот светски поредок (IV година)

Поимот нација е продукт на државата, сфатена како политичко-територијална заедница која влијае на своите граѓани преку легитимно избрана власт. Појавата на нацијата е неминовно поврзана со развојот на заеднички пазар, култура и религија и затоа нацијата се дефинира како заедница на луѓе со заедничко потекло, јазик, култура, религија и единствена територија на која живеат. 
Постојат извесни разлики помеѓу поранешните, традици-онални држави и денешните, модерни нации-држави:
НАЦИИ-ДРЖАВИ ДЕНЕС
ТРАДИЦИОНАЛНИ ДРЖАВИ
Сите нации-држави се суверени (државата има власт на одредена територија со јасно означени граници
Границите никогаш не биле јасно означени
Граѓаните на една нација-држава имаат исти права и обврски (припаѓаат на одреден ист политички поредок)
Повеќето граѓани немаат скоро никакви права (само припа-дниците на буржоазијата имале одредени права и обврски)
Присутен е национализмот (чувство на припадност и солидарност кон одредена политичка заедница (држава)
Во традиционалните држави, поимот национализам воопшто не е присутен

Вреди да се спомнат и двете фази низ кои поминала денешната нација-држава:
-          Либерална фаза (19 век) каде што улога на државата е да обезбедува суровини користејќи дипломатија и воена сила;
-          Организирана фаза (20 век) во која државата ја презема одговорноста за национа-лната економска благосостојба (концептот на well fare state од лани J )
После Втората светска војна, на голем дел од државите им станало јасно дека е неопходен глобален систем на заштита за нормално функционирање на државите. Меѓутоа, факт е дека после 1945, светот се подели на две сфери на влијание: едната на Запад на чело со САД, и другата на Исток на чело со СССР. И двете сфери на влијание создаваат свои воени сојузи (НАТО и Варшавски сојуз). Но и двете страни стравуваа од нуклеарна војна, што беше многу веројатно да се случи почетокот на 60-те години на 20-от век, како кулминација на заострените односи меѓу САД и СССР познати под името Студена војна.
Сепак, во 1989 година Источниот блок се распаѓа, СССР се распадна, Русија се појави како најголем фактор на влијание на Истокот. Тука се појавува поимот нов светски поредок (за прв пат овој термин е употребен од Џорџ Буш постариот) сакајќи да алудира на создавањето нов поредок, на чие чело ќе застане САД (американизациј/вестернизација). Овој нов светски поредок има неколку карактеристики:
-                 Висок степен на меѓузависност на државите;
-          Нееднаква распределба  на економската, политичката и воената моќ, изразена преку постоење на земји од т.н Прв, Втор и Трет свет;
-          Создавање на новиот светски поредок под директно влијание на САД;

No comments:

Post a Comment