Поимот метод во секојдневниот говор најчесто се сфаќа
како начин на работа, постапка или процедура. Меѓутоа, кога станува збор за
научниот метод, тој најчесто се дефинира како објективно и систематско опишување и објаснување на појавите.
Несомнено е дека научниот метод е од огромно значење за науките, и токму затоа
ќе ги спомнеме основните карактеристики на секој научен метод:
Целисходност
– поставување на една цел која
треба да се постигне;
Организираност
и систематичност – Поставените цели
треба да се реализираат по одреден редослед и по однапред утврдени процедури,
постапки и активности;
Накратко ќе истакнеме што треба да содржи едно
истражување:
Идеја
за истражување или проблем за решавање – Темите за истражување може да произлезат од најразлични
извори: одредена литература, дневен весник, сопствено искуство и сл;
Формирање
хипотеза – Хипотеза е поим кој
означува можно решение на одреден проблем
(непроверено тврдење). Формирањето на хипотези е битно бидејќи тие треба да
покажат дали феномените кои се истражуваат се меѓусебно поврзани.
Истражување
– Тука се тестираат (проверуваат)
хипотезите. На пример, дали навистина учениците/студентите кои доаѓаат од
рурални средини покажуваат повисок степен на религиозност во однос на оние кои
се од урбаните средини.
Понатаму, секој научен метод е составен од три делови:
1.
Теорија – е
се она што се знае за одредена појава (збир
на меѓусебно поврзани дефиниции и односи). Теоријата, во најопшта смисла,
има ориентациона функција-водич (дава
насоки кон кои треба да се одвива едно истражување);
2.
Логика –
Во овој дел, се утврдуваат правилата и редоследот на истражувањето и постапките
(поставување хипотези, нивна проверка и докажување);
3.
Посебни методи на истражување
Во социологијата, постојат техники за прибирање податоци
и тука спаѓаат: анкета, интервју и
прашалник, потоа техники или методи за средување на податоците
(класифи-кација) и техники за толкување, односно мерење како што се: социометријата, компаративниот метод (споредба
помеѓу две општествени појави).
No comments:
Post a Comment