Историјата на човештвото не почнува со појавата на
државата и писменоста, напротив, постои еден период од околу 600 000 години. Од
технолошки аспект, општествата може да се поделат на:
а) Општества на собирачи и ловци – се
всушност првите општества во историјата на човекот. Наречени се уште и
првобитни. Овие општества имаат неколку карактеристики како на пример фактот
дека најголем дел од времето го минувале во ловење и собирање плодови. Не
постоела развиена поделба на трудот и членовите на овие општества биле премногу
зависни од природата. Кога сме кај членовите на овие општества, треба да се
напомене дека тие биле номади (често
се преселувале од едно во друго место, т.е. немале постојано живеалиште).
Бидејќи не постоел никаков вид на сопственост, луѓето
тука биле целосно соединети со колективот (заедницата) и токму затоа не се
разликувале едни од други. Што се однесува до нивниот систем на правила
(нормативен систем), во овие општества на постоел развиен нормативен систем,
туку нивното однесување било поврзано со табуата
(забрани). Овие забрани биле во функција на одржување на заедницата.
Прекршувањето на табуата секогаш носело одреден вид на санкција (казна), која
пак, секогаш била надворешна, т.е.
доаѓала од другите членови и тоа најчесто во форма на срам (оној што ќе го
прекршел табуто, бил столбот на срамот).
Кога станува збор за семејството, треба да се напомене
дека во првобитните општества поимот семејство се преклопувал со групата, во
која не биле регулирани сексуалните односи. Подоцна се развил посебен вид на
семејство, наречен пуналуа (една
група на мажи стапуваат во брак со една група на жени). Развојот на семејството
подоцна го носи синдијазмичкото семејство кое било сочинето од неколку парови
на мажи и жени.
б) Сточарски и земјоделски општества – се
појавуваат во оној момент кога луѓето почнале да припитомуваат животни и да ги
користат нивните производи. Луѓето тука биле полу-номади, бидејќи преку лето
морале да бидат на планините со животните, а зимно време биле во низините.
Тука, за прв пат доминантни стануваат ритуалите, кои пред се, биле насоче-ни кон
животните за да луѓето имаат поголема корист од нив.
Меѓутоа, земјоделските општества се појавуваат со
појавата на сопственоста (Жан Жак
Русо вели дека сопственоста се појавила оној момент кога некој поединец
заградил парче земја и рекол дека е негово, на што и останатите му пове-рувале).
Со овие две промени, се променува и структурата на самите општества. Имено,
луѓето веќе не се номади, туку нивното живеалиште се одредувало според тоа
каде им е земјата за обработка. Овој вид на општества се појавува некаде пред
10 000 години и доминираат се до индустри-ската револуција. Првите вакви
општества се создаваат по тековите на најголемите реки бидејќи земјата таму е
на-јплодна. Токму затоа, првите облици на системите за наводнување се
појавуваат во земјоделските општества
в) Индустриско општество – се појавува
некаде крајот на 18 и почетокот на 19 век. Ова е сосема различен вид на општество
од претходните, бидејќи земјоделството станува секундарна активност на луѓето,
а индустријата (појавата на машини, фабрики и сл) зема централно место. Со
појавата на индустријата се случуваат низа промени кои го опфаќаат семејството,
начинот на живот и местото на живеење (повеќе за индустриското и
по-стиндустриското општество во темата Глобализација).
No comments:
Post a Comment