Во социологијата, како што има најзначајни претставници,
така има и најзначајни теории. Во овој контекст, ќе ги разгледаме трите
најдоминантни теории во социологијата:
Функционализам
или некаде се сретнува како
структурален функционализам, e теорија која се појавува во 19 век, а во доминантна
теорија ја развиле американските социолози во средината на 20 век.
Функционализмот е заснован врз неколку идеи, од кои една е онаа на Диркем,
според која целината има превласт над деловите (колективната свест).
Функционализмот е макро
теорија според која, општеството е составено од повеќе делови кои меѓусебно се
поврзани и се надополнуваат, и секој од тие делови исполнува одредена функција.
Имено, функционалистите сметаат дека општеството е еден организиран систем на односи меѓу лу-ѓето, а општествената акција е
однесување кое допринесува за одржување на системот. Истата таа општествена
акција која ја преземаат и вршат луѓето, е заснована врз вредносни системи.
Целиот општествен систем е составен од акции кои ги преземаат поединците. Еден
од најзначајните претставници на оваа теорија е Талкот Парсонс, кој се обидел да го објасни својот пристап преку
примерот со тркалото од велосипед. Имено, општеството го замислувал како тркало
составено од повеќе шпици. Секоја од тие шпици означува еден дел од општеството
(економија, религија, култура, семејство и сл.). Доколку една од тие шпици не
функционира, нема да се забележи поголема разлика, но доколку поголемиот број
од шпиците (деловите на општеството) не функционираат, тогаш тркалото
(опште-ството) станува дисфункционално (или со терминологијата на Диркем,
аномично).
Покрај Парсонс, други важни претставници на оваа теорија
се: Роберт Мертон био, Кингсли Дејвис, Вилберт Мур и др.
Теорија
на конфликт – Иако конфликтот од секогаш имал централно значење во социолошката мисла,
сепак дури во средината на 20-от век конфликтната теорија заземала зна-чајно
место меѓу другите социолошки теории. Според оваа теорија, општеството е во
состојба на постојан конфликт и
натпревар за ограничени ресурси. Оваа теорија ги користи концептите на
економскиот конфликт меѓу класите кај Маркс, и конфликтот околу моќта кај
Вебер. Исто така, акцентот тука е ставен на интересите за моќ и богатство, а не
на вредностите и нормите како кај функционализмот. Имено, оние што ги
контролираат и располагаат со ресурсите, од главен интерес им е да ги
експлоатираат оние што се сиромашни и немаат пристап до општествените ресурси
(моќ, пари, работа) а во исто време истите тие поединци имаат поголеми шанси да
го наметнат својот систем на идеи (размислување). Оваа теорија се заснова врз
три принципи:
-
Натпреварот
(конфликтот) околу скудните ресурси е основен градбен елемент на општествените
релации (врски);
-
Нееднаквостите
во моќта и богатството се вградени во
сите општествени интеракции;
-
Промените
во општеството скоро секогаш настануваат како резултат на конфликтите;
Најзначајни претставници се Луис Козер, Ралф Дарендорф био и
др. и сите тие се под влијание на Карл Маркс, Макс Вебер и др.
Симболички
интеракционизам
– е теорија чиј најзначаен
претставник е Џорџ Мид, според кој, општеството е составено од поединци кои
стапуваат во интеракција (комуникација). Предмет на анализа на оваа теорија е
интеракцијата која се состои од симболи кои пак, се основа на секоја комуникација.
Односно, примарната цел е анализа на значењето кое го има секојдневието преку разбирање и објаснување на различните облици на
човековата интеракција. Оваа теорија се развива во 20-те години на минатиот
век на Универзитетот во Чикаго био, меѓутоа како влијателна теорија започнува да
биде 60-те години на 20-от век. Друг значаен претставник на оваа теорија е Ирвинг Гофман (микросоциолог), кој
развил пристап наречен драматуршки
концепт, во кој секојдневниот живот го споредува со театарската сцена.
Гофман е преокупиран со начините на кои луѓето глумат (стапуваат во интеракција со другите луѓе и оставаат
впечатоци), и притоа ќе истакне дека глумата на луѓето не е лажна, туку тие
глумат се со цел да ги убедат другите во она во што самите актери сакаат да се
претстават. Линк до презентацијата
No comments:
Post a Comment