Социологијата како општествена наука се занимава со
систематско проучување на социјалното однесување на луѓето. Таа е наука за
социјалниот живот на човекот – поединец, групата и општеството. Нејзиното
подрачје е многу широко и навлегува во повеќе аспекти од животот во една
заедница (семејство, религија, култура и сл). Но кога и како социологијата се
воспоставила како наука?
Социологијата се јавува прилично доцна во развојот на
науките (втора половина на 19 век) Појавата на оваа наука највеќе била овозможена
од тенденцијата проучувањето на општеството да се издвои од економската наука,
но и како резултат на неколку значајни општествени промени (индустриската
револуција, напуштањето на феудалниот систем, како и последиците од Француската
буржоаска револуција од 1789). Исто така, неколку поединци се најзаслужни за
местото кое социологијата го има денес:
Огист Конт био (1798-1857) е француски социјален теоретичар кој всушност го дал името
социологија. Тој го застапува она што се нарекува позитивистичка филозофија ( до знаење се доаѓа преку систематско набљудување и експериментирање, т.е
методите и начините на работа во природните науки, треба да бидат модел за
истражувањето во општествените науки). Неговото размислување се заснова на
тезата дека социологијата како наука има два дела: соци-јална статика (ги проучува аспектите кои допринесуваат за
стабилност на едно општество (јазик, култура, религија) и социјална динамика (го проучува општествениот развој, т.е.
законитостите кои постојат во едно општество).
Емил Диркем био (1858-1917) со право се смета за еден од најзначајните
социолози не само на 20-от век, туку и до ден денес, неговото учење многумина
го сметаат за појдовно во сите нивни концепции. Неговите дела опфаќаа голем дел
од значајните општествени делови, па така неговото проу-чување на религијата е
пренесено во делото „Елементарни облици на религискиот живот", неговото методолошко стојалиште е објаснето во делото
„Правила на социолошкиот метод”, потоа следат делата „Самоубиство”
и „Општестве-ната поделба на трудот”
во кое доминантен дел завзема неговата поделба на
општествата на оние со механичка
солидарност (во кои поделбата на трудот е на минимално ниво) и оние со органска солидарност (во кои доминира
висок степен на поделба на трудот).
Исто така, Диркем е значаен по тоа што меѓу првите, се
обидел да направи детална компарација (споредба) помеѓу општеството како целина
и човековиот организам, споре-дувајќи ги деловите на организмот и нивната
функција со деловите на општеството и нивната функција (религија, култура,
економија, семејство и сл). Тој понатаму, застапува теза дека општеството е
многу позначајно отколку неговите членови. Општеството, ќе рече тој, е sui
generis (креација сама за
себе, со уникатни карактеристики).
Карл
Маркс био (1818-1883) е
можеби еден од најко-нтроверзните научници кои се занимавале со одредени
аспекти на социологијата. Неговото учење се нарекува исто-риски материјализам (крајната причина и движечка сила на сите
општества е економскиот развој,
поделбата на општеството на класи и класната борба). Токму заради ова,
Марксовата концепција за социологијата е материја-листичка
(општеството се дефинира преку самите поеди-нци и како тие дејствуваат и
материјално произведуваат). Основна задача на науката за општеството, ќе рече
Маркс, е да ги истражува промените во општеството, т.е. како се со-здава,
одржува и менува еден начин на општествен живот
За Маркс, во секое општество во историјата, постои класна
борба помеѓу две класи: Оние што
владеат, и оние над кои се владее
(владеани). Во
робовладетелските општества, тоа биле робовладетелите и робовите, во феудалните
општества, тоа биле феудалците и закрепостените селани, а денес, во
капиталистичкото општество, тие две класи се капита-листите (сопственици на средствата за производство и
капиталот) и работници – пролетеријат (луѓе
кои ја изнајмуваат својата работна сила кај капиталистите). Помеѓу овие две
класи, според Маркс постои вечна борба: капиталистите се трудат да заработат
што повеќе на сметка на работниците, а што помалку да ги платат истите. Тој го
нарекува овој однос експлоататорски, и
истакнува дека во иднина, ќе се појави ситуација на диктатура на проле-теријатот, што е претходник на т.н. комунистичко општество (во кое нема да
постојат никакви класи)
Макс
Вебер био (1864-1920) заедно
со Диркем и Маркс, се сметаат за „светото тројство” на социологијата. Она по кое се препознава Вебер е
неговото настојување социологијата да се разбере како наука која како главен
предмет на проучување ќе го има социјалното дејствување (опште-ствената
акција). Исто така, тој е познат по своето најпознато дело „Протестантска етика и духот на капи-тализмот” во кое тој зборува дека почетоците (основите) на
капитализмот се наоѓаат во религијата, односно во етичкиот аспект на
протестантската религија - должноста кон Бога (спасение) се исполнува со тоа
што протестантите силно се залагаат кон својата работа, што поголема
зара-ботувачка и нејзина реинвестиција).
No comments:
Post a Comment