1.
Постиндустриско
општество, постматеријализам и постмодернизам
Постиндустриското општество се појавува некаде крајот на
60-те години на 20-от век, и означува тип на општество во кое доминира знаењето. Прв кој го употребил овој
термин е социологот Даниел Бел, со кој сакал да означи општество во кое сопственоста е заменета со знаење, кое
пак, станува централна преокупација и извор на моќ. Имено, тоа е општество во
кое знаењето најчесто се поврзува со употребата на компјутери, микропроцесори
и електронска комуникација. Овој вид општество има одредени каракте-ристики:
- - Населението
претежно е вработено во терцијалниот сектор (трговија, услуги, финансии,
транспорт, образование и сл)
- - Се
создаваат посебни и нови занимања засновани врз производство на информации и
знаење;
Постматеријализмот потекнува од материјализмот, кој пак
од филозофски аспект, претставува учење според кое материјата е основа на сите предмети, појави и процеси. Но од
социолошки аспект, материјализмот се сфаќа како правец во чиј фокус е
културната вредност, акумулацијата на материјални предмети (сопственост), т.е.
производството и репродукцијата се основни
социјални процеси кои влијаат на општествениот систем.
Постматеријализмот пак (прв кој го употребил овој поим е Роналд Инглхарт Био) се сфаќа како
транзиција на индивидуалните вредности како материјални кон нови вредности како
што се автономија или самоизразување. Бидејќи светот е зафатен со огромни
еколошки проблеми, постматеријализмот е излезот, т.е. решението за тој
проблем,т.е. надминување на материјалистичкиот поглед на светоти поставување
нови начела и вредности (поставување граници на популацијата, граници во
развојот на техноло-гијата и сл.)
Поимот постмодернизам е креација на Арнолд Тојнби(био), кој
смета дека поимот укажува само на една состојба во која се наоѓаат
најразвиените модерни општества. А модерни општества се оние кои фигурираат во
првата половина на 20-от век и во кој имало:
-
Јасна
класна поделеност на луѓето;
-
Јасна
сопственичка структура;
-
Развиена
модерна индустрија
Во постмодерното општество, ќе истакне Тојнби, различните
класи се декомпонираат, т.е. се
разложуваат и се доаѓа до ситуација кога општествената нееднаквост се дефинира
преку потрошувачката, а не преку производството како што било до тогаш. Како
главни карактеристики на постмо-дернизмот се посочуваат: отсуство на емоции и доминација на технологијата (ТВ, компјутери) кои
не се огледало на стварноста, туку се креатори
на стварноста.
No comments:
Post a Comment