Friday, May 22, 2015


Цркви - секти и секуларизација

Во социологија на религијата како посебна дисциплина, доминира типологијата цркви – секти како еден вид на религиска организација. Се со цел подобра илустрација, ќе ги наведеме карактеристиките и на црквите и на сектите:
Црквата претставува голема бирократска и хиерархиска религиска организација која ги има следниве каракте-ристики:
а) Бара универзалност така што сите членови на едно општество, автоматски би се сметале и за членови на цр-квата (го држи верскиот монопол и не трпи конкуренција);
б) Црквата се одликува со висока организација и биро-кратија;
в) Црквата има образовано, професионално свештенство со полно работно време;
г) Членството во црквата се стекнува автоматски по пат на социјализација на децата;
Сектата пак, од друга страна се определува како издвоена и затворена религиска група која се одвоила од христи-јанската религија но притоа задржувајќи неколку фундаментални елементи од христијанството.  Името секта доаѓа од латинскиот збор secare, што значи дели, одвојува. Иако слична, сепак сектата застапува одредена спротивста-веност кон црквата, нејзиното учење, организација и власт. Ги има следниве карактеристики:
а) Сектата се смета за заедница на Избраниот;
б) Недоволна организација и бирократија;
в) Намерно е мала по големина и нема образовано свеште-нство;
г) Сектата се занимава со прашања за „оној свет (рај, пекол, спасение и сл);
д) Членовите на сектите потекнуваат главно од пониските општествени слоеви

2. Секуларизација – е процес својствен за модерните индустриски и постиндустриски општества во кој религиозните верувања и идеи го губат општественото значење. Ослабувањето на влијанието на црквата се мери најчесто со бројот на посететители (верници) за време на празници и литургии и сл. Застапниците на процесот на секуларизација сметаат дека тоа е неизбежен процес односно последица од растежот и влијанието на индустриското општество и модернизацијата на културата. Имено, тие се убедени дека модерната наука доведе до ситуација во која традиционалните (религиозни) верувања се се помалку прифатливи, бидејќи влијанието на технологијата е огромно. Технологијата им даде на луѓето поголема контрола на околината, правејќи ја идејата за семоќниот Бог помалку значајна и прифатлива.

No comments:

Post a Comment