Friday, May 22, 2015


Веберовото сфаќање за религијата

Вебер, еден од најголемите теоретичари на социологија на религијата, смета дека религијата е еден вид на раци-онализација„ на човековото страдање, односно дека религијата му дава смисла на човековиот живот кој е исполнет со страдање и неправда. Религијата ќе рече Вебер, нуди објаснување и оправдување на среќата и несреќата, бидејќи човекот ќе ги издржи и најголемите несреќи ако тие се стават во некој систем што дава смисла и значење.

Во едно од најпознатите дела, Протестантска етика и духот на капитализмот„ Вебер ја објаснува врската помеѓу теолошката (религиска) доктрина на протестантите и развојот на модерниот капитализам. Протестантите верувале во идејата дека Бог одбира одреден број на луѓе за во рајот и пеколот, уште пред тие да се родат, и што и да направат тие луѓе, не можеле да влијаат врз Божјата одлука. Затоа сите протестанти живееле под огромен психолошки притисок да живеат праведно, ама не за да ја сменат Божјата одлука, туку да си докажат себе си и на другите дека баш тие се меѓу одбраните за во рајот. Еден од начините за таа цел бил еко-номскиот успех стекнат преку чесност, дисциплинираност, и кој се засновал врз тоа целото заштедено богатство да се реинвестира постојано. Имено протестантите сметале дека целта на стекнување на богатство не се потрошувачката и уживањето (хедонистички аспект), туку зголемување на ма-теријалното богатство (едно од етичките правила за испо-лнување на должноста кон Бог). Оттука, Вебер изведува заклучок дека модерниот капитализам е настанат како резултат на овие етички правила кај протестантите за штедење и реинвестирање. Меѓутоа, треба да се напомене дека Вебер е убеден дека протестантската етика не е при-чина за појавата на модерниот капитализам, ама е еден од нужните услови за неговото појавување.

No comments:

Post a Comment