Како и секоја друга наука, така и социологијата има своја
теоретска позадина. Во социологијата постојат различни теории кои обработуваат
различни општествени аспекти, но три од нив се издвојуваат како најзначајни:
Функционализам
(макро теорија) – Оваа теорија
денес не ужива голема поддршка, меѓутоа во 60-те години на минатиот век, беше
најдоминантен теоретски поглед. Су-штината на функционализмот се состои во тоа
што општеството го објаснува како тоталитет, целина од повеќе делови кои се
меѓусебно поврзани и секој од тие делови има своја функција. Еден од најзначајните
претставници на оваа теорија е Талкот
Парсонс, кој се обидел да го објасни својот пристап преку примерот со
тркалото од велосипед. Имено, општеството го замислувал како тркало составено
од повеќе шпици. Секоја од тие шпици означува еден дел од општеството
(економија, религија, култура, семејство и сл.). Доколку една од тие шпици не
функционира, нема да се забележи поголема разлика, но доколку поголемиот број
од шпиците (деловите на општеството) не функционираат, тогаш тркалото
(општеството) станува дисфункционално. Исто така, функционалистите веруваат
дека нормите и вре-дностите се неопходни за нормално функционирање на
општеството
Критиката која се упатува на оваа теорија се состои во
тоа што премногу го неутрализира и минимизира влијанието на богатството и моќта
во формирање и регулирање на поврза-носта меѓу деловите на општеството, како и
тоа дека функционализмот не дава конкретно објаснување како и зошто класните,
расните и родовите нееднаквости преди-звикуваат нестабилност во општествата.
Теорија
на конфликт (макро теорија) –
Оваа теорија се појавува во втората половина на 20-от век, и истата се темели
врз тезата дека општеството е една структура полна со тензии, конфликти и противречности.
Претставниците на оваа теорија сметаат дека нееднаквостите што постојат во
општествата, се поттикнувачи на конфликтите, а тие пак, се главен носител и
двигател на човечките односи. Оваа теорија го нагласува значењето на интересите над вре-дностите и нормите. Она што доминира во оваа теорија се
концептите на моќ и богатство, имено, сите ние се бориме во едно општество за
повеќе работи, без разлика дали таа борба е за поголема моќ во бракот, или
поголемо богатство од другите во средината во која живееме. Најзначајни
претставници на оваа теорија се Карл Маркс, Макс Вебер и Ралф Дарендорф.
Симболички
интеракционизам (микро теорија) – Според
оваа теорија, општеството е составено од индивидуи кои комуницираат со помош на
симболи, зборови, мимики, body language и сл. Претставниците на оваа теорија (Џорџ Мид како
најзначаен) сметаат дека основата на секое општество лежи во постоењето на
симболи, со чија помош поединците создаваат свест за себе но и за она што ги
опкружува. Но симболите, ќе рече Мид, не се универзални, туку се релативни,
бидејќи директно зависат од културата во која се создадени. Друг значаен
претставник на оваа теорија е Ирвинг
Гофман со неговиот т.н. драматуршки
пристап, во кој тој животот на луѓето (секојдневните интеракции) го споредува
со глумење. Тој ќе рече дека секој
поединец, во зависност од социјалната ситуација во која се наоѓа, користи
(става) одредена маска. Глумењето во оваа ситуација не треба да се сфати како
лажно претставување, туку напротив, луѓето глумат (ставаат маски) се со цел да
ги убедат другите во она во што тие сакаат да се претстават.
No comments:
Post a Comment