Sunday, December 14, 2014

Македонското општество и глобализацијата

Глобализацијата е процес кој го обележува 21 век, меѓутоа нејзиното влијание започнува да се интензивира уште при крајот на 18 век. Се до почетокот на 90-те години на минатиот век, светот генерално беше поделен на два блока: капиталистички (САД и повеќето развиени европски земји) и социјалистички (Русија како СССР, Југославија како и Кина и Куба). Овие два блока имаа на некој начин и физичка граница, Берлинскиот ѕид. Меѓутоа, во 1989, рушењето на Берлинскиот ѕид стана симбол и за рушењето на границите помеѓу двата блока (Рушењето на Берлинскиот ѕид).

Периодот во кој се руши Берлинскиот ѕид е истиот во кој се распаѓаат и социјалистичките сојузи как СССР и Југославија (отприлика 27 евроазиски земји започнале процес на тра-нзиција (премин од социјализам во капитализам). Маке-донија како дел од Југославија, исто како и сите останати членки, започнува со процесот на осамостојување. Како редок случај во кој немало крвопролевање, Македонија станува независна на 8 септември, 1991 година.
Со самото осамостојување, македонското општество било предодредено кон коренити промени на неговата структура. Неспорно е влијанието на глобализацијата врз овие про-мени, со оглед на желбата на Македонија да се приклучи кон западно европските алијанси како ЕУ, НАТО, ООН и сли-чно. Накратко ќе ги објасниме најзначајните промени:
§  Промена на општествените институции – подразбира главно, промена на политичката структура, односно преминување од еднопартиски во повеќепартиски систем кој е производ на демократијата;
§  Процесот на приватизација –  се однесува на промена на со-пственоста. Имено, во социјалистичкиот период, сопстве-носта беше општествена, односно се беше на секого. Денес, најголемиот дел од претпријатијата се во сопственост на физички лица, поединци, а само мал дел поседува државата РМ. Она што е интересно е тоа што поединците кои во минатиот систем беа на раководни позиции во фирмите, денес се сопственици на истите. Приватизацијата имала неколку цели: зголемување на економската ефикасност (про-дуктивност), зголемување на вработеноста и сл. Конкретно во РМ, овие цели беа превртени со главата надолу„ т.е. се намали продуктивноста, се зголеми невработеноста и многу фирми згаснаа или исчезнаа.
§  Афирмација на т.н. граѓанско општество – кое се воспоставува со самото донесување на Уставот на РМ. Поимот граѓанско општество упатува на посебен вид на општество во кое предвид се има јавното учество на граѓаните во доброволни здруженија, професионални здру-женија, невладини организации, потоа почитување на политичките права на граѓаните, постоење на граѓански обврски (учество на граѓа-ните во решавање на јавни проблеми) и сл.
   Сосема друг дел е оној за последиците од глобализацијата во РМ. Меѓутоа, овие последици кои ќе ги наброиме се индиректно поврзани со глобализацијата со оглед на тоа што настанале како резултат на транзицијата (премин од еден општествен систем во друг) на РМ, која пак, е неопходен чекор за фаќање приклучок во „глобалниот свет:
Ø Драстично зголемување на стапката на невработеност, што е резултат на неуспешната приватизација кога повеќето претпријатија и фабрики се продадоа и после тоа се затворија;
Ø  Зголемена стапка на криминал – која се објаснува со матната транзиција во која не се јасно преци-зирани голем број на економски и политички аспекти;
Ø  Ерозија на вредносниот систем и зголемување на социјалната несигурност – ова се однесува на драстичните промени во вредносниот систем кои се отсликуваат во намален морал кај луѓето, непочитување на традицијата и сл

Ø  Други последици – како на пример зголемена стапка на корупција, непочитување на законите и сл. 

Wednesday, December 10, 2014

Култура, глобализација и идентитет

Во социологијата, поимот култура има пошироко значење за разлика од она во секојдневниот говор. Имено, за социолозите, културата е сфатена како СЕ она што се пренесува повеќе социјално отколку биолошки, односно културата е општ термин кој се однесува на симболичките и научените аспекти на човековото општество. Со други зборови, културата е збир од знаења, верувања, уметност, морал, право и обичаи кои човекот ги создал и пренесувал живеејќи во едно општество.
Културната глобализација е релативно долг процес  кој се однесува на создавање на стандардни, унифицирани (еди-нствени) културни елементи преку поврзување на различни култури. Меѓутоа, во науката, се почести и погласни се ставовите дека всушност, културната глобализација како процес е вештачки создаден и наметнат од носителите на процесот на глобализација (САД) и затоа културната глобализација често се нарекува американизација, вестер-низација, чија единствена цел е наметнување на амери-канската култура.
Друг концепт поврзан со културата е масовната култура или т.н. популарна култура. За подобра илустрација и сфаќање на овој поим, неопходно е да се направи разлика помеѓу популарната култура (која ги опфаќа спортските настани, ТВ, филмовите, снимената забавна музика и сл) и високата (елитна) култура која се однесува на класичната музика, сериозните романи и стрипови, поезијата, балетот, високата ликовна уметност и др. аспекти кои вообичаено се почи-туваат и ценат од страна на релативно мал број на обра-зовани луѓе.
Несомнено е дека популарната или масовната култура е широко распространета и достапна за најголемиот број на луѓе ширум светот. Главниот акцент во масовната култура е ставен на забавата, но останува фактот дека овој вид на култура е со далеку понизок квалитет во споредба со висо-ката култура. Главна улога во пренесувањето на популарната култура секако имаат масовните медиуми (ТВ, интернетот и компјутерите). Малку подетално предавање за тоа што пре-тставува популарната култура ќе најдете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=6-8u9m4oYBQ
Што се однесува до идентитетот и влијанието на глобализа-цијата врз истиот, неопходно е прво да се запознаеме со самиот поим идентитет, кој потекнува од латинското зборче idem кое подразбира истоветност, непроменливост и конти-нуитет. Терминот идентитет се користи широко и слободно во смисла на чувство за себство (пример класен идентитет, полово родов идентитет и сл). Во потесна смисла, иденти-тетот е сфатен како збир на карактеристики на еден поеди-нец, својствени само за него. Меѓутоа, сложеноста на пои-мот идентитет упатува на заклучокот дека еден поединец може да поседува повеќе идентитети (личен, културен, етнички, национален идентитет и сл). Кога станува збор за влијанието на глобализацијата врз идентитетите, како и обично постојат две објаснувања: едното според кое, глоба-лизацијата односно модерниот свет овозможува поголема индивидуалност и избор помеѓу широкиот спектар на идентитети, а самото тоа пак, овозможува поголеми шанси за себеактуелизација (луѓето да откријат нешто во себе кое не е вештачко или наметнато од традицијата или религи-јата). Другото објаснување, она песимистичкото нагласува дека современото општество создава висок степен на отуѓе-ност, губење на границите меѓу себството (идентитетот) и културата. Според претставниците на ова размислување, ова води кон пораст на нарцисоидната личност и себичноста.
До неодамна, најчесто идентитетот се одредувал според нацијата или етничката група. Меѓутоа денес, луѓето, во услови на глобализација, односно поврзаноста со другите култури, на поединците им дава можност самите да изберат основа врз која ќе го изградат својот идентитет, независно дали тоа ќе биде културата, еничката припадност, еконо-мскиот аспект, политичката определба или сл.


Sunday, November 30, 2014

Последици од глобализацијата

Глобализацијата сфатена како процес на слободен проток на стоки и капитал низ целиот свет, има два лика: позитивен аспект и негативен аспект.
Што се однесува до позитивните последици од глоба-лизацијата, најчесто се спомнуваат:
-      Зголемен обем на информации и нивна размена, што ово-зможува подобро разбирање и толкување на другите ку-лтури;
-         Глобална поделба на трудот, односно ситуација во која со зборовите на Диркем, доминира глобална органска солидар-ност, т.е. сите економии се поврзани ;
-         Подобрување на повеќе општествени аспекти (зголемување на животниот век, зголемен пристап до огромен број на продукти: облека, храна, пијалоци, компјутерска и бела техника и сл);
Сите на некој начин сме свесни за позитивните аспекти на глобализацијата, меѓутоа, факт е дека негативниот лик на глобализацијата е на некој начин затскриен но во исто време е екстремно доминантен и влијателен и токму затоа пого-лемиот дел од текстот е посветен на негативните аспекти на глобализацијата:
-         Економските негативни аспекти: тука спаѓаат пред се нееднаквата распределба на богатствата, потоа следи доминацијата на неколку финансиски институции како ММФ, Светска Банка и сл кои директно ги поставуваат условите на глобалниот пазар. Накратко ситуацијата со ММФ е следнава: ММФ им дава кредити со висока каматна стапка на земјите во развој, како Македонија, а за возврат бара и најчесто добива целосна контрола над буџетот на државата, отпушта вработени во јавната администрација за да парите останат во буџетот а оттаму да се преселат во нивните банки како отплата на земените кредити. Изгледа дека ММФ воопшто не се грижи за економскиот развој на државата и нејзините потреби туку единствено ги гледа сопствените интереси. Во економските негативни аспекти спаѓаат и МНК кои на еден суптилен начин успеваат да го направат своето производство масовно со искористување на евтина работна сила и ниски даноци во неразвиените земји.
Потоа, се спомнуваат негативни аспекти како зголемување на јазот (нееднаквостите) меѓу богатите и сиромашните (богатите стануваат побогати, а сиромашните стануваат посиромашни). Не треба да се заборави и фактот дека глоба-лната трговија е доминирана од богатите земји и се создава недостиг на можности за сиромашните на глобалниот пазар на трудот (експлоатација на работникот).
-         Загрозување на животната средина е многу важна последица од глобализацијата (тешката индустрија и масовното искористување на природните ресурси придонесуваат највеќе за овој аспект);

-         Зголемување на стапката на криминал, корупција и тероризмот како најзначајна негативна последица од глобализацијата;

Tuesday, November 18, 2014

Повеќе е помалку или за парадоксот на изборот

Повеќе е помалку или за парадоксот на изборот

            Повеќето од нас ја знаат така да кажеме официјалната догма на речиси сите западни развиени општества: За да се зголеми благосостојбата на луѓето, мора да се зголеми индивидуалната слобода, а пак, за да се зголеми индивиду-алната слобода, нужно мора да се зголеми изборот. Или посликовито, повеќе избор => повеќе слобода => благо-состојба.
Секако дека многумина од нас се убедени во цврстината и издржливоста на оваа теза, толку цврста што никој не би се осмелил да се посомнева во нејзината точност. Меѓутоа, работите се разбираат со илустрации. На пример, во еден модерен и просечен супермаркет имаме скоро неограничен избор на производи: преку 50 видови на кафе, над 40 видови на четки за заби, сигурно има повеќе од 30 видови на млеко и сл. Овој огромен избор го имаме и на другите места, како што се продавниците за техника: имате преку 400 видови на мобилни телефони, потоа преку 50 видови на таблети и слична опрема.
            Ние луѓето несомнено сме претерано среќни што имаат можност да со помош на технологијата, работат од било кое место во светот во било кое време. Факт е дека каде и да погледнеме, во малите/големите нешта, во мате-ријалните/духовните ствари, секаде околу нас се појавува огромен избор. Дури и самиот наш живот е прашање на избор, и тоа континуирано правење на повеќе избори а не само на еден.
Сепак, покрај се, постоењето на повеќе избор, според пси-холозите, овозможува ништо друго туку ПАРАЛИЗИРАЊЕ, наместо ослободување. Ова произлегува оттаму што при поголем избор, потешко е да се одлучите за било што. За по-добра илустрација, ќе го искористиме најпознатиот пример со фондовите за пензија: Една компанија во САД со преку 2000 вработени, кога им понудила на своите работници да изберат еден од понудени 10 различни фондови, бројот на работници кои учествувале во изборот се намалил за 2%. Кога компанијата им понудила 50 различни опции за пензија, 10% помалку работници се пријавиле да бираат фонд за пензија. Се добива впечаток дека колку повеќе избор имале луѓето, толку потешко се одлучувале и на крајот се откажувале.
            Дури и некој да успее да ја надмине таа парализа која настанува при постоење на премногу избор и двоумењето која алтернатива да се избере, сепак, на крајот луѓето ќе би-дат помалку задоволни (ќе се каат) од изборот, отколку кога би имале помалку избор.
            Една од причините е т.н. ескалација на изборот. На пример: порано, не многу одамна, во продавниците за облека имало само еден вид на машки фармерки. Денес кога ќе влезете во таква продавница и ќе побарате фармерки со одредена големина (број) продавачот почнува буквално да ве бомбардира со прашања од типот: Сакате тесни или поши-роки? Сакате со патент или копчиња? Сакате малку да се згужвани или расечени и така натаму и така натаму се додека не ви стане досадно. На крајот, вие, кој и да е модел што ќе го одберете, секогаш ќе се чувствувате ЛОШО, би-дејќи секогаш ќе знаете дека таму некаде на полиците има можеби подобри фармерки од оние кои вие сте ги одбрале. Но да се вратиме назад, кога имало само еден вид на фар-мерки: Кога би купиле таков вид на фармерки и истите не ви се допаѓаат, сигурно ќе се запрашате кој е виновникот? Одговорот е секако не вие, туку производителот. Меѓутоа, денес, кога имате илјадници видови фармерки, и кога ќе одберете некои и тие не ви се допаѓаат, одговорот на истото прашање би бил: ВИЕ сте виновни бидејќи знаете дека секогаш можело да одберете подобри.
            Заклучокот од сево ова е недвосмислен: Тајната за среќа е да имате колку што може помалку очекувања, или:


Monday, November 17, 2014

Современите општества и промените

1.      Индустриско општествое вид на општество чија култура, институции и развој се детер-минирани (одредени) од индустриското производство
Индустриското општество е поврзано со т.н. индустриска револуција, која пак подразбира брзи социјални, економски, демографски и технолошки промени кои се случуваат во Велика Британија во втората половина на 18 век и првата половина на 19 век. Поконкретно, индустриската револуција означува транзиција (трансфо-рмација) на британско-то општество од рурално и земјоделско во урбано и индустриско. Ова значи дека земјоделството веќе не е доминантен аспект (луѓето веќе не зависат толку од природата), туку дека со индустриското производство, тие се релативно независни од природата. По-стојат неколку значајни промени во индустриското општество:
   Демографски промени  кои се отсликуваат во намалената стапка на смртност, зголемување на населението и зголемена миграција на населението од село во град;
  Промени во семејството  - семејството во индустриското општество е нуклеусно -составено само од родителите и децата (наспроти традиционалното семејство во претходните услови, кадешто во едно семејство живееле повеќе генерации)
  Транспорт –  важен сегмент во индустриското општество, со оглед на потребата од распространување на инду-стриските производи ширум светот. Клучна улога тука има појавата и развојот на железничкиот сообраќај.
  Интензивна урбанизација – подразбира масовна миграција (преселување) на луѓето од село во градовите кадешто се лоцирале фабриките
2.      Постиндустриско општество – термин развиен од страна на социологот Даниел Бел во неговото дело „Доаѓањето на постиндустриското општество (1973).
Според Бел, во ова општество, знаењето и вештините ја заменуваат сопственоста како централен аспект. Со други зборови, тоа е општество во кое доминираат професиите како техничари, компјутерски инжињери, и во кое услужниот сектор (трговија, банкарство, транспорт, образование и сл) е подоминантен од индустрискиот сектор.
Ова општество некои го нарекуваат и информатичко општество. Имено, ако во индустриското општество, главен фактор беше индустриската револуција, тогаш во ова општество, двигател е информатичката револуција, која се карактеризира со појавата на првиот микропроцесор. Она што е важно е дека компјутерите немаат доминантно влија-ние само врз производството, туку и врз целиот опште-ствен живот (пополнување слободно време, комуникација, инфор-мирање и сл).
3.      Социјално-економски концепции во 20-от век
Во текот на целиот 20-ти век, доминираат две вакви концепции:
-Првата е карактеристична за Европа и е наречен модел на well fare state (држава на благосостојба). Овој концепт се базира врз засилена контрола и улога на државата во задово-лување на потребите на своите граѓани (храна, облека, домување, образование, здравстве-на заштита) СЕ СО ЦЕЛ да се намалат последиците од капитализмот (невработеност, сиромаштија). Сето ова државата го прави преку регулација на разни пакети за социјална помош и заштита, зголемување на даноците, распределба на пензии, заеми и др бенефити.

-Втората концепција е својствена за САД. Имено, до првата половина на 20-от век, и САД биле приврзаници на моделот на држава на благосостојба бидејќи после Големата депре-сија (финансиска криза во 30-те години), единствениот излез се гледал во зголемување на ингеренциите на државата. Меѓутоа, во втората половина на 20-от век, во економската логика на САД доминира неолибералистичката идеологија која подразбира минимизирање на улогата на државата во редистрибуцијата на приходите и во самиот пазар на тру-дот.

Tuesday, November 11, 2014

Глобализација - вовед

Одредување на глобализацијата
Глобализацијата несомнено претставува спорна тема, но нејзиното значење во со-циологијата воопшто не е. Дебатите за глобализацијата допираат суштествени прашања за демократијата, односот кон економијата и културата и сл. Многумина од социолозите сметаат дека глобализацијата е истовремено и закана но и можност или предизвик за државите ширум светот.
Сепак, потешкотиите во дефинирањето на овој поим најдобро ги илустрира позна-тиот социолог Ентони Гиденс: ˛˛Не треба да бидеме изненадени што значењето на поимот глобализација  не е секогаш јасно или што се појави интелектуална реакција против него. Глобализацијата секако дека има некаква поврзаност со тезата дека сега, сите ние живееме во еден свет – но, на кој начин точно и дали идејата е навистина валидна̕̕̕̕̕ ̕
Често пати, глобализацијата е интерпретирана како производ на капитализмот (Имануел Валерштајн), или пак, како производ на модернизацијата (Е.Гиденс и Улрих Бек). Сепак, и покрај многуте определби, глобализацијата во поголемиот број на дефиниции, се сфаќа како процес на поврзување на светот и воспоствување на врски кои се засноваат врз заемност и меѓузависност.
Ова би значело дека економските, еколошките, политичките и општествените про-блеми веќе не се разгледуваат на национално, туку на интернационално ниво. Исто така, за решавање на овие проблеми, земјите ширум светот формираат и се здружуваат во најра-злични сојузи, унии и заедници (пример: ЕУ, ООН, Светска Трговска Организација СТО, Г-20, НАТО и др).
Понатаму, масовните медиуми и интернетот стануваат ГЛОБАЛНИ СТАНДАРДИ (што би значело дека информациите може да се пренесуваат низ целиот свет во реално време и по достапни цени). Колку за илустрација, цената за воспоставување телефонски повик од Њујорк до Лондон од 1930 до денес поевтинил за 99%. Или пак, намалувањето на цената на транспортот( бродскиот транспорт поевтинил за 65% од 1930 до денес, а ави-онскиот за цели 88%). Сето ова е резултат на интензивното поврзување на светот во сите аспекти (економски, политички, културен и сл), но голема улога и има периодот после 80-те години на 20-от век, кога интензивно се отстрануваат на трговските (економските) ба-риери како увозни даноци и сл.

Постојат три главни сфери или аспекти на глобализацијата:
·         ЕКОНОМИЈА:
-Најголем катализатор на глобализацијата;
-Извозот како важна економска димензија, во последните 60 години е зголемен за 30 па-ти;
-Зголемување на директните инвестиции: Во 1970 = 13 билиони долари, а денес = 1800 би-лиони долари;
-Зголемување на бројот на Мулти Национални Компании МНК: во 1970 нивниот број изнесувал 7000, додека денес таа бројка е поголема од 65 000 такви компании кои работат на принципот: ниски даноци => евтино производство => глобален успех
·         КУЛТУРА:
-Доминација на т.н. McWorld – израз кој се користи за да се објасни доминацијата на запа-дната култура која ги уништува локалните култури и различности
·         ПОЛИТИКА:
-Најважните политички прашања како климатски про-мени, финансиски кризи и терори-зам денес не познаваат  граници;
-Појава на Невладини организации и нивно влијание врз владините одлуки ширум светот;
-Намалување на политичкото влијание на државите (посебно на оние помалите);

Што се однесува пак до историскиот развој на процесот на глобализација, може да се истакне дека глобализацијата датира векови наназад, уште со трговците на кафе и какао во 13 и 14 век, меѓутоа, почетната фаза на глобализацијата се зема почетокот на 19 век со појавата на телеграфот во 1850 година, потоа со појавата на телефонот во 1890 година и воздушниот транспорт кој за првпат се појавил во 1919 година.
            Денес, глобализацијата го достигнува својот врв со појавата и развојот на електро-нските комуникации, најпрво со појавата на прекуокеанските кабли за телефон и телеграф, потоа со првиот телекомуникациски сателит, па појавата на компјутерските мрежи за на крајот да се појави интернетот




Friday, November 7, 2014

Незнам...ние отсекогаш така правиме

Ништо не е отсекогаш


 Група научници ставиле 5 мајмуни во кафез во кој имало скала со банана на врвот.

 Секој пат кога некој мајмун ќе се качел на скалата за да ја земе бананата, останатите мајмуни биле полиени со мраз ладна вода.

 По некое време, секој пат кога некој од мајмуните ќе тргнел да се качува на скалата, останатите го претепувале. По ова, ниту еден мајмун повеќе не се обидувал да се качи на скалата, и покрај наградата што го чекала горе. Тогаш научниците речиле да заменат еден од мајмуните. Прво нешто што направил новиот член е да проба да се качи на сакалата.

Останатите мајмуни веднаш му се пуштиле и го претепале. По неколку партии ќотек, новиот член научил дека не треба да се качува на скалата иако не знаел зошто. Кога го замениле и 2-от мајмун истото се случило. Овој пат и 1-от мајмун учествувал во тепањето. При замената на 3-от мајмун се повторило истото. Потополно иста ситуација (ќотек) имало и при замената на 4-от а потоа и на 5-от мајмун. На крај добиле група од 5 мајмуни кои иако никогаш не биле полиени со ладна вода, сепак продолжиле да го тепаат секој мајмун што ќе се обидел да се качи на скалата.

 Кога би можел некој да ги праша мајмуните од новата група, зошто го тепаат секого што ќе се обиде да се качи на скалата, одговорот веројатно би бил: "Не знам... тука отсекогаш така правиме."

Ерих Фром - Нека победи човекот

Дури и кога за утеха, како што тоа го прават многумина, би ја прифатиле претпоставката дека само за неколку генерации Западот па и целиот свет ќе постигне економско изобилие, сепак останува прашањето: што станало со човекот и до каде тој ќе стаса ако продолжиме по патот по кој тргна нашиот индустриски систем?
За да разбереме зошто елементите со кои нашиот систем успеа да реши некои економски проблеми се немоќни да ги решат човечките проблеми, неопходно е да се истражат главните карактеристики на капитализмот од дваесеттиот век. Концентрацијата на капиталот доведе до формирање на гигантски претпријатија управувани од хиерархиски организирана бирократија. Огромна маса на работници работат заедно како дел од големата производна машина која, за воопшто да може да функционира, мора да функционира како подмачкана, без пречки и застој. Индивидуалниот работник и службеникот станаа забец на оваа машина; нивната функција и активност се одредени од целата структура на организацијата во којашто работат. Во големите претпријатија легалната сопственост на средствата за производство се одвои од управувањето и го загуби своето значење. Големите претпријатија ги води бирократска управа која иако не го поседува претпријатието легално, го поседува фактички. Овие менаџери ги немаат особините на стариот сопственик - индивидуалната иницијатива, одважноста, преземањето ризик - туку особините на бирократот - недостаток на индивидуалност, безличност, внимателност и недостаток на имагинација. Тие управуваат и со стварите и со луѓето, и со луѓето се однесуваат како со ствари. Оваа менаџерска класа, иако не го поседува претпријатието легално, фактички таа го контролира: притоа на извонреден начин успева да не биде одговорна ни пред акционерите, ни пред вработените. Макар што најважните сектори на производството се во рацете на големите корпорации, нив практично ги владеат највисоките работодавци. Гигантските корпорации што ја контролираат економската, а во голема мера и политичката судбина на земјата, се чиста спротивност на демократскиот процес: тие претставуваат моќ без контрола од страна на потчинетите.
Покрај индустриската, најголемиот дел од населението го управуваат и други бирократии. Пред сè, државната бирократија (вклучувајќи ја и воената) која на различен начин влијае и ги управува животите на милиони луѓе. Индустриските, воените и државните бирократии, не само во своите активности, туку и кадровски, сè повеќе се испреплетуваат меѓусебно. Со развитокот на големите претпријатија, синдикатите исто така се претвораат во големи бирократски машини во кои поединечниот член има малку што да каже. Многу синдикални раководители се менаџерски бирократи, исто како индустриските раководители. Овие бирократии немаат ни план ни визија; тоа се должи на самата природа на бирократската администрација. Штом човекот е претворен во предмет, тогаш и неговите менаџери стануваат предмети; а предметите немаат ни волја, ни визија ни план.
Со бирократското управување над луѓето, демократскиот процес се претвора во ритуал. Било да се работи за акционерски состанок во некое големо претпријатие, за политички избори или синдикален состанок, единката го загубила речиси целото влијание во подготвувањето на одлуките и нема активно учество во нивното донесување. Особено во политичката сфера, изборите сè повеќе се сведуваат на плебисцит во којшто единката може да му даде предност на еден од двата кандидати професионални политичари, и најблаго речено, таа е управувана со нејзина согласност. При тоа средствата со кои се постигнува оваа согласност се сугестијата и манипулацијата, додека пак одлуките од најголема важност - во надворешната политика што се однесуваат на војната и мирот - ги донесуваат мали групи луѓе за коишто просечниот граѓанин одвај и да чул.
Политичките идеи за демократијата, онака како што ги замислија основоположниците на Соединетите Држави, не беа чисто политички идеи. Тие беа вкоренети во духовната традиција наследени од пророчкото месијанство, евангелијата, хуманизмот и од филозофите на Просветителството од осумнаесеттиот век. Овие идеи и движења ги обединуваше една иста надеж; дека човекот во текот на својата историја ќе може да се ослободи од сиромаштијата, незнаењето и неправдата и дека ќе може да изгради општество на хармонија, мир и единство помеѓу човек и човек и помеѓу човекот на природата. Идејата дека историјата има цел и вербата во човечката совршеност, во текот на историскиот процес беа најкарактеристични елементи на западната мисла. Тоа е почвата во која е вкоренета американската традиција и од каде што таа ја црпи својата сила и виталност. Што се случи со идејата за совршеноста на човекот и општеството? Таа се раствори во површниот поим на „прогресот“ и во желбата за производство на повеќе и подобри предмети, наместо таа да симболизира раѓање на целосно жив и продуктивен човек. Денес, нашите политички поими ги загубиле своите духовни корени. Тие станале средства сообразени со некоја цел кои ги проценуваме според тоа дали ни овозможуваат повисок животен стандард, или поуспешен облик на политичко уредување. Искорнати од срцата и копнежите на луѓето, тие станаа празни лушпи што можат да се отфрлат доколку тоа целта го оправдува. Со единката се управува и се манипулира не само во сферата на производството, туку исто така и во сферата на потрошувачката каде што единката божем го изразува својот слободен избор. Без оглед дали се работи за потрошувачка на храна, облека, алкохол, цигари, филмови или телевизиска програма, насекаде е впрегнат еден моќен апарат за сугестија кој има две цели: прво, постојано да го зголемува апетитот на единката за нови артикли и второ, да ги насочува овие апетити во правец кој индустријата ќе ја доведе до најголем профит. Огромниот капитал вложен во потрошувачката индустрија и конкуренцијата помеѓу малкуте гигантски претпријатија, нужно не дозволуваат потрошувачката да се препушти на случајот и да му се остави на потрошувачот слобо-дно да избира колку ќе купува и што ќе купува. Неговите апетити треба постојано да бидат поттикнувани, а вкусовите манипулирани, управувани и предвидливи. Човекот е претворен во потрошувач, вечно цицалче, чија единствена желба е да консумира пове-ќе и „подобри" работи.
Навистина, Маркс беше во право тврдејќи дека „на местото на сите физички и духовни сетила дојде самоотуѓувањего на сите тие сетила, сетилото за имање. Приватната сопственост нè направи толку глупи и немоќни што предметите стануваат наши само ако ги имаме, т.е. ако тие за нас постојат како капитал и ако ги поседуваме, јадеме, пиеме; т.е. ако ги употребуваме. Наспроти сето наше богатство ние сме сиромашни по дух, зашто имаме многу, но сме малку.“
Како последица на тоа, просечниот човек чувствува несигурност и осаменост, потиштен е и страда од недостаток на радост среде изобилие. Животот за него нема смисла; тој не е свесен дека смислата на животот не може да лежи само во тоа да се биде „потрошувач". Тој не би можел да ги поднесе отсуството на радост и бесмисленоста на животот доколку нашиот систем не би му нудел безбројни патишта на бегство, почнувајќи од телевизијата па сè до средствата за смирување, кои му овозможуваат да заборави дека сè повеќе го губи она што е вредно во животот. Наспроти сите хуманистички слогани, ние брзо се приближуваме кон едно општество кое го владеат бирократи кои го управуваат масовниот човек кој е добро нахранет, згрижен, дехуманизиран и депримиран. Ние произведуваме машини што се како луѓе, и луѓе што се како машини. Она за што пред педесет години најмногу го критикувавме социјализмот - дека тој ќе доведе до униформност, бирократизација, централизација и бездушен материјализам - стана реалност на денешниот капитализам. Ние зборуваме за слобода и демократија, а голем број од луѓето сè уште се плашат од одговорноста што ја носи слободата и го претпочитаат ропството на добро-нахранетиот робот; тие не веруваат во демократијата и среќни се што донесувањето на одлуки им го препуштаат на политичките експерти.
Со телевизијата и весниците создадовме широко распространет систем на комуникации. Па сепак, наместо да бидат информирани за политичката и општествената стварност, луѓето се дезинформирани и индоктринирани. Степенот на униформност што постои во нашите мислења и идеи лесно би можел да се објасни доколку би бил резултат на политички притисок или пак би бил предизвикан од страв. Но, факт е дека сите се согласуваат „доброволно“, и покрај тоа што во основата на нашиот систем лежи токму идејата за правото на несогласување и наклонетоста кон разновидност на идеи.
Образованието, од основното до највисокото, го постигна својот врв. Па сепак, макар што луѓето добиваат повеќе образование, тие имаат сè помалку разум, судови и убедувања. Во најдобар случај се подобрува нивната интелигенција, но нивниот разум - т.е. нивната моќ да продрат низ површината и да ги сфатат силите што лежат во основата на индивидуалниот и општествениот живот - сè повеќе осиромашува. Мислата во голема мера е одвоена од чувствата, а фактот што луѓето ја толерираат заканата од војни што се надвиснала над целото човештво покажува дека модерниот човек стаса до онаа точка кога тој мора да се запраша за сопственото ментално здравје.

Човекот им стана слуга на машините што ги создаде, наместо да биде нивен господар. Но човекот не е создаден за да биде предмет, па и покрај сите задоволства од потрошувачката, неговите животни сили не можат постојано да се држат запретани. Имаме само една можност, а тоа е повторно да ги загосподариме машините, претворајќи го производството во средство наместо во цел и користејќи го за развивање на човекот - во спротивно, потиснатата животна енергија ќе се пројави во хаотични и деструктивни облици. Човекот поскоро би го уништил животот, отколку да умре од здодевност.

Tuesday, November 4, 2014

Milgram experiment

 Експериментот на Милграм - Ја истражува причината за и потребата од послушност спрема авторитетите. Ја покажува спремноста на луѓето да одат до крајности кога тоа го бара од нив некој авторитет.