Tuesday, November 18, 2014


Повеќе е помалку или за парадоксот на изборот

Повеќе е помалку или за парадоксот на изборот

            Повеќето од нас ја знаат така да кажеме официјалната догма на речиси сите западни развиени општества: За да се зголеми благосостојбата на луѓето, мора да се зголеми индивидуалната слобода, а пак, за да се зголеми индивиду-алната слобода, нужно мора да се зголеми изборот. Или посликовито, повеќе избор => повеќе слобода => благо-состојба.
Секако дека многумина од нас се убедени во цврстината и издржливоста на оваа теза, толку цврста што никој не би се осмелил да се посомнева во нејзината точност. Меѓутоа, работите се разбираат со илустрации. На пример, во еден модерен и просечен супермаркет имаме скоро неограничен избор на производи: преку 50 видови на кафе, над 40 видови на четки за заби, сигурно има повеќе од 30 видови на млеко и сл. Овој огромен избор го имаме и на другите места, како што се продавниците за техника: имате преку 400 видови на мобилни телефони, потоа преку 50 видови на таблети и слична опрема.
            Ние луѓето несомнено сме претерано среќни што имаат можност да со помош на технологијата, работат од било кое место во светот во било кое време. Факт е дека каде и да погледнеме, во малите/големите нешта, во мате-ријалните/духовните ствари, секаде околу нас се појавува огромен избор. Дури и самиот наш живот е прашање на избор, и тоа континуирано правење на повеќе избори а не само на еден.
Сепак, покрај се, постоењето на повеќе избор, според пси-холозите, овозможува ништо друго туку ПАРАЛИЗИРАЊЕ, наместо ослободување. Ова произлегува оттаму што при поголем избор, потешко е да се одлучите за било што. За по-добра илустрација, ќе го искористиме најпознатиот пример со фондовите за пензија: Една компанија во САД со преку 2000 вработени, кога им понудила на своите работници да изберат еден од понудени 10 различни фондови, бројот на работници кои учествувале во изборот се намалил за 2%. Кога компанијата им понудила 50 различни опции за пензија, 10% помалку работници се пријавиле да бираат фонд за пензија. Се добива впечаток дека колку повеќе избор имале луѓето, толку потешко се одлучувале и на крајот се откажувале.
            Дури и некој да успее да ја надмине таа парализа која настанува при постоење на премногу избор и двоумењето која алтернатива да се избере, сепак, на крајот луѓето ќе би-дат помалку задоволни (ќе се каат) од изборот, отколку кога би имале помалку избор.
            Една од причините е т.н. ескалација на изборот. На пример: порано, не многу одамна, во продавниците за облека имало само еден вид на машки фармерки. Денес кога ќе влезете во таква продавница и ќе побарате фармерки со одредена големина (број) продавачот почнува буквално да ве бомбардира со прашања од типот: Сакате тесни или поши-роки? Сакате со патент или копчиња? Сакате малку да се згужвани или расечени и така натаму и така натаму се додека не ви стане досадно. На крајот, вие, кој и да е модел што ќе го одберете, секогаш ќе се чувствувате ЛОШО, би-дејќи секогаш ќе знаете дека таму некаде на полиците има можеби подобри фармерки од оние кои вие сте ги одбрале. Но да се вратиме назад, кога имало само еден вид на фар-мерки: Кога би купиле таков вид на фармерки и истите не ви се допаѓаат, сигурно ќе се запрашате кој е виновникот? Одговорот е секако не вие, туку производителот. Меѓутоа, денес, кога имате илјадници видови фармерки, и кога ќе одберете некои и тие не ви се допаѓаат, одговорот на истото прашање би бил: ВИЕ сте виновни бидејќи знаете дека секогаш можело да одберете подобри.
            Заклучокот од сево ова е недвосмислен: Тајната за среќа е да имате колку што може помалку очекувања, или:


No comments:

Post a Comment