Одредување
на глобализацијата
Глобализацијата несомнено претставува спорна тема, но
нејзиното значење во со-циологијата воопшто не е. Дебатите за глобализацијата
допираат суштествени прашања за демократијата, односот кон економијата и
културата и сл. Многумина од социолозите сметаат дека глобализацијата е
истовремено и закана но и можност или предизвик за државите ширум светот.
Сепак, потешкотиите во дефинирањето на овој поим најдобро
ги илустрира позна-тиот социолог Ентони Гиденс: ˛˛Не треба да бидеме изненадени
што значењето на поимот глобализација не
е секогаш јасно или што се појави интелектуална реакција против него.
Глобализацијата секако дека има некаква поврзаност со тезата дека сега, сите
ние живееме во еден свет – но, на кој начин точно и дали идејата е навистина
валидна̕̕̕̕̕ ̕
Често пати, глобализацијата е интерпретирана како
производ на капитализмот (Имануел Валерштајн), или пак, како производ на
модернизацијата (Е.Гиденс и Улрих Бек). Сепак, и покрај многуте определби,
глобализацијата во поголемиот број на дефиниции, се сфаќа како процес на поврзување на светот и
воспоствување на врски кои се засноваат врз заемност и меѓузависност.
Ова би значело дека економските, еколошките, политичките
и општествените про-блеми веќе не се разгледуваат на национално, туку на
интернационално ниво. Исто така, за решавање на овие проблеми, земјите ширум
светот формираат и се здружуваат во најра-злични сојузи, унии и заедници
(пример: ЕУ, ООН, Светска Трговска Организација СТО, Г-20, НАТО и др).
Понатаму, масовните медиуми и интернетот стануваат ГЛОБАЛНИ СТАНДАРДИ (што би значело дека
информациите може да се пренесуваат низ целиот свет во реално време и по
достапни цени). Колку за илустрација, цената за воспоставување телефонски повик
од Њујорк до Лондон од 1930 до денес поевтинил за 99%. Или пак, намалувањето на
цената на транспортот( бродскиот транспорт поевтинил за 65% од 1930 до денес, а
ави-онскиот за цели 88%). Сето ова е резултат на интензивното поврзување на
светот во сите аспекти (економски, политички, културен и сл), но голема улога и
има периодот после 80-те години на 20-от век, кога интензивно се отстрануваат
на трговските (економските) ба-риери како увозни даноци и сл.
Постојат три главни сфери или аспекти на
глобализацијата:
·
ЕКОНОМИЈА:
-Најголем катализатор на глобализацијата;
-Извозот како
важна економска димензија, во последните 60 години е зголемен за 30 па-ти;
-Зголемување на директните инвестиции: Во 1970 = 13 билиони
долари, а денес = 1800 би-лиони долари;
-Зголемување на бројот на Мулти Национални Компании МНК: во 1970 нивниот број изнесувал 7000,
додека денес таа бројка е поголема од 65
000 такви компании кои работат на принципот: ниски даноци
=>
евтино производство => глобален
успех
·
КУЛТУРА:
-Доминација на т.н. McWorld – израз кој се користи за да се објасни доминацијата на
запа-дната култура која ги уништува локалните култури и различности
·
ПОЛИТИКА:
-Најважните политички прашања како климатски про-мени,
финансиски кризи и терори-зам денес не познаваат граници;
-Појава на Невладини
организации и нивно влијание врз владините одлуки ширум светот;
-Намалување на политичкото влијание на државите (посебно
на оние помалите);
Што се однесува пак до историскиот развој на процесот на
глобализација, може да се истакне дека глобализацијата датира векови наназад,
уште со трговците на кафе и какао во 13 и 14 век, меѓутоа, почетната фаза на
глобализацијата се зема почетокот на 19 век со појавата на телеграфот во 1850
година, потоа со појавата на телефонот во 1890 година и воздушниот транспорт
кој за првпат се појавил во 1919 година.
Денес,
глобализацијата го достигнува својот врв со појавата и развојот на
електро-нските комуникации, најпрво со појавата на прекуокеанските кабли за
телефон и телеграф, потоа со првиот телекомуникациски сателит, па појавата на
компјутерските мрежи за на крајот да се појави интернетот
No comments:
Post a Comment