Monday, November 17, 2014


Современите општества и промените

1.      Индустриско општествое вид на општество чија култура, институции и развој се детер-минирани (одредени) од индустриското производство
Индустриското општество е поврзано со т.н. индустриска револуција, која пак подразбира брзи социјални, економски, демографски и технолошки промени кои се случуваат во Велика Британија во втората половина на 18 век и првата половина на 19 век. Поконкретно, индустриската револуција означува транзиција (трансфо-рмација) на британско-то општество од рурално и земјоделско во урбано и индустриско. Ова значи дека земјоделството веќе не е доминантен аспект (луѓето веќе не зависат толку од природата), туку дека со индустриското производство, тие се релативно независни од природата. По-стојат неколку значајни промени во индустриското општество:
   Демографски промени  кои се отсликуваат во намалената стапка на смртност, зголемување на населението и зголемена миграција на населението од село во град;
  Промени во семејството  - семејството во индустриското општество е нуклеусно -составено само од родителите и децата (наспроти традиционалното семејство во претходните услови, кадешто во едно семејство живееле повеќе генерации)
  Транспорт –  важен сегмент во индустриското општество, со оглед на потребата од распространување на инду-стриските производи ширум светот. Клучна улога тука има појавата и развојот на железничкиот сообраќај.
  Интензивна урбанизација – подразбира масовна миграција (преселување) на луѓето од село во градовите кадешто се лоцирале фабриките
2.      Постиндустриско општество – термин развиен од страна на социологот Даниел Бел во неговото дело „Доаѓањето на постиндустриското општество (1973).
Според Бел, во ова општество, знаењето и вештините ја заменуваат сопственоста како централен аспект. Со други зборови, тоа е општество во кое доминираат професиите како техничари, компјутерски инжињери, и во кое услужниот сектор (трговија, банкарство, транспорт, образование и сл) е подоминантен од индустрискиот сектор.
Ова општество некои го нарекуваат и информатичко општество. Имено, ако во индустриското општество, главен фактор беше индустриската револуција, тогаш во ова општество, двигател е информатичката револуција, која се карактеризира со појавата на првиот микропроцесор. Она што е важно е дека компјутерите немаат доминантно влија-ние само врз производството, туку и врз целиот опште-ствен живот (пополнување слободно време, комуникација, инфор-мирање и сл).
3.      Социјално-економски концепции во 20-от век
Во текот на целиот 20-ти век, доминираат две вакви концепции:
-Првата е карактеристична за Европа и е наречен модел на well fare state (држава на благосостојба). Овој концепт се базира врз засилена контрола и улога на државата во задово-лување на потребите на своите граѓани (храна, облека, домување, образование, здравстве-на заштита) СЕ СО ЦЕЛ да се намалат последиците од капитализмот (невработеност, сиромаштија). Сето ова државата го прави преку регулација на разни пакети за социјална помош и заштита, зголемување на даноците, распределба на пензии, заеми и др бенефити.

-Втората концепција е својствена за САД. Имено, до првата половина на 20-от век, и САД биле приврзаници на моделот на држава на благосостојба бидејќи после Големата депре-сија (финансиска криза во 30-те години), единствениот излез се гледал во зголемување на ингеренциите на државата. Меѓутоа, во втората половина на 20-от век, во економската логика на САД доминира неолибералистичката идеологија која подразбира минимизирање на улогата на државата во редистрибуцијата на приходите и во самиот пазар на тру-дот.

No comments:

Post a Comment