Friday, November 7, 2014


Незнам...ние отсекогаш така правиме

Ништо не е отсекогаш


 Група научници ставиле 5 мајмуни во кафез во кој имало скала со банана на врвот.

 Секој пат кога некој мајмун ќе се качел на скалата за да ја земе бананата, останатите мајмуни биле полиени со мраз ладна вода.

 По некое време, секој пат кога некој од мајмуните ќе тргнел да се качува на скалата, останатите го претепувале. По ова, ниту еден мајмун повеќе не се обидувал да се качи на скалата, и покрај наградата што го чекала горе. Тогаш научниците речиле да заменат еден од мајмуните. Прво нешто што направил новиот член е да проба да се качи на сакалата.

Останатите мајмуни веднаш му се пуштиле и го претепале. По неколку партии ќотек, новиот член научил дека не треба да се качува на скалата иако не знаел зошто. Кога го замениле и 2-от мајмун истото се случило. Овој пат и 1-от мајмун учествувал во тепањето. При замената на 3-от мајмун се повторило истото. Потополно иста ситуација (ќотек) имало и при замената на 4-от а потоа и на 5-от мајмун. На крај добиле група од 5 мајмуни кои иако никогаш не биле полиени со ладна вода, сепак продолжиле да го тепаат секој мајмун што ќе се обидел да се качи на скалата.

 Кога би можел некој да ги праша мајмуните од новата група, зошто го тепаат секого што ќе се обиде да се качи на скалата, одговорот веројатно би бил: "Не знам... тука отсекогаш така правиме."

No comments:

Post a Comment