Во социологијата, поимот култура има пошироко значење за
разлика од она во секојдневниот говор. Имено, за социолозите, културата е
сфатена како СЕ она што се пренесува повеќе социјално отколку биолошки, односно
културата е општ термин кој се однесува на симболичките и научените аспекти на
човековото општество. Со други зборови, културата е збир од знаења, верувања,
уметност, морал, право и обичаи кои човекот ги создал и пренесувал живеејќи во
едно општество.
Културната глобализација е релативно долг процес кој се однесува на создавање на стандардни,
унифицирани (еди-нствени) културни елементи преку поврзување на различни
култури. Меѓутоа, во науката, се почести и погласни се ставовите дека всушност,
културната глобализација како процес е вештачки создаден и наметнат од
носителите на процесот на глобализација (САД) и затоа културната глобализација
често се нарекува американизација, вестер-низација, чија единствена цел е
наметнување на амери-канската култура.
Друг концепт поврзан со културата е масовната култура или
т.н. популарна култура. За подобра
илустрација и сфаќање на овој поим, неопходно е да се направи разлика
помеѓу популарната култура (која ги опфаќа спортските настани, ТВ, филмовите,
снимената забавна музика и сл) и високата (елитна) култура која се однесува на
класичната музика, сериозните романи и стрипови, поезијата, балетот, високата
ликовна уметност и др. аспекти кои вообичаено се почи-туваат и ценат од страна
на релативно мал број на обра-зовани луѓе.
Несомнено е дека популарната или масовната култура е
широко распространета и достапна за најголемиот број на луѓе ширум светот.
Главниот акцент во масовната култура е ставен на забавата, но останува фактот дека овој вид на култура е со далеку
понизок квалитет во споредба со висо-ката култура.
Главна улога во пренесувањето на популарната култура
секако имаат масовните медиуми (ТВ, интернетот и компјутерите).
Малку подетално предавање за тоа што пре-тставува
популарната култура ќе најдете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=6-8u9m4oYBQ
Што се однесува до идентитетот и влијанието на
глобализа-цијата врз истиот, неопходно е прво да се запознаеме со самиот поим
идентитет, кој потекнува од латинското зборче idem кое подразбира истоветност, непроменливост и
конти-нуитет. Терминот идентитет се користи широко и слободно во смисла на
чувство за себство (пример класен идентитет, полово родов идентитет и сл). Во
потесна смисла, иденти-тетот е сфатен како збир на карактеристики на еден
поеди-нец, својствени само за него. Меѓутоа, сложеноста на пои-мот идентитет
упатува на заклучокот дека еден поединец може да поседува “повеќе идентитети” (личен, културен, етнички, национален идентитет и сл).
Кога станува збор за влијанието на глобализацијата врз идентитетите, како и
обично постојат две објаснувања: едното според кое, глоба-лизацијата односно
модерниот свет овозможува поголема индивидуалност и избор помеѓу широкиот
спектар на идентитети, а самото тоа пак, овозможува поголеми шанси за
себеактуелизација (луѓето да откријат нешто во себе кое не е вештачко или
наметнато од традицијата или религи-јата). Другото објаснување, она
песимистичкото нагласува дека современото општество создава висок степен на отуѓе-ност,
губење на границите меѓу себството (идентитетот) и културата. Според
претставниците на ова размислување, ова води кон пораст на нарцисоидната
личност и себичноста.
До неодамна, најчесто идентитетот се одредувал според
нацијата или етничката група. Меѓутоа денес, луѓето, во услови на
глобализација, односно поврзаноста со другите култури, на поединците им дава
можност самите да изберат основа врз која ќе го изградат својот идентитет,
независно дали тоа ќе биде културата, еничката припадност, еконо-мскиот аспект,
политичката определба или сл.
No comments:
Post a Comment