Sunday, December 14, 2014


Македонското општество и глобализацијата

Глобализацијата е процес кој го обележува 21 век, меѓутоа нејзиното влијание започнува да се интензивира уште при крајот на 18 век. Се до почетокот на 90-те години на минатиот век, светот генерално беше поделен на два блока: капиталистички (САД и повеќето развиени европски земји) и социјалистички (Русија како СССР, Југославија како и Кина и Куба). Овие два блока имаа на некој начин и физичка граница, Берлинскиот ѕид. Меѓутоа, во 1989, рушењето на Берлинскиот ѕид стана симбол и за рушењето на границите помеѓу двата блока (Рушењето на Берлинскиот ѕид).

Периодот во кој се руши Берлинскиот ѕид е истиот во кој се распаѓаат и социјалистичките сојузи как СССР и Југославија (отприлика 27 евроазиски земји започнале процес на тра-нзиција (премин од социјализам во капитализам). Маке-донија како дел од Југославија, исто како и сите останати членки, започнува со процесот на осамостојување. Како редок случај во кој немало крвопролевање, Македонија станува независна на 8 септември, 1991 година.
Со самото осамостојување, македонското општество било предодредено кон коренити промени на неговата структура. Неспорно е влијанието на глобализацијата врз овие про-мени, со оглед на желбата на Македонија да се приклучи кон западно европските алијанси како ЕУ, НАТО, ООН и сли-чно. Накратко ќе ги објасниме најзначајните промени:
§  Промена на општествените институции – подразбира главно, промена на политичката структура, односно преминување од еднопартиски во повеќепартиски систем кој е производ на демократијата;
§  Процесот на приватизација –  се однесува на промена на со-пственоста. Имено, во социјалистичкиот период, сопстве-носта беше општествена, односно се беше на секого. Денес, најголемиот дел од претпријатијата се во сопственост на физички лица, поединци, а само мал дел поседува државата РМ. Она што е интересно е тоа што поединците кои во минатиот систем беа на раководни позиции во фирмите, денес се сопственици на истите. Приватизацијата имала неколку цели: зголемување на економската ефикасност (про-дуктивност), зголемување на вработеноста и сл. Конкретно во РМ, овие цели беа превртени со главата надолу„ т.е. се намали продуктивноста, се зголеми невработеноста и многу фирми згаснаа или исчезнаа.
§  Афирмација на т.н. граѓанско општество – кое се воспоставува со самото донесување на Уставот на РМ. Поимот граѓанско општество упатува на посебен вид на општество во кое предвид се има јавното учество на граѓаните во доброволни здруженија, професионални здру-женија, невладини организации, потоа почитување на политичките права на граѓаните, постоење на граѓански обврски (учество на граѓа-ните во решавање на јавни проблеми) и сл.
   Сосема друг дел е оној за последиците од глобализацијата во РМ. Меѓутоа, овие последици кои ќе ги наброиме се индиректно поврзани со глобализацијата со оглед на тоа што настанале како резултат на транзицијата (премин од еден општествен систем во друг) на РМ, која пак, е неопходен чекор за фаќање приклучок во „глобалниот свет:
Ø Драстично зголемување на стапката на невработеност, што е резултат на неуспешната приватизација кога повеќето претпријатија и фабрики се продадоа и после тоа се затворија;
Ø  Зголемена стапка на криминал – која се објаснува со матната транзиција во која не се јасно преци-зирани голем број на економски и политички аспекти;
Ø  Ерозија на вредносниот систем и зголемување на социјалната несигурност – ова се однесува на драстичните промени во вредносниот систем кои се отсликуваат во намален морал кај луѓето, непочитување на традицијата и сл

Ø  Други последици – како на пример зголемена стапка на корупција, непочитување на законите и сл. 

No comments:

Post a Comment