Wednesday, April 15, 2015


Фактори на сиромаштија

Пред да се почне со објаснување на факторите на сиромаштија, неопходно е да се направи разлика помеѓу поимите фактор„ и причина. Имено, причина за одреден феномен е нешто што директно придонесува за појава на одреден феномен, во конкретниот случај, тоа е сирома-штијата. Од друга страна, поимот фактор се однесува на нешто кое придонесува за да одреден феномен продолжи со постоење, со континуитет, откако е веќе произведен. Во ко-нкретниот случај, факторите на сиромаштија се оние појави или аспекти кои ги одржуваат условите под кои се појавува сиромаштијата.
Во социологијата, се со цел полесно толкување, направени се две групи на фактори кои влијаат на сиромаштијата:
1.      Социо – економски фактори каде што спаѓаат:
1.      Невработеност – се дефинира како состојба на неможност да се продаде сопствената работна сила на пазарот на трудот и покрај желбата тоа да се направи. Треба да се нагласи дека невработеноста ги опфаќа само оние поединци кои се работоспособни и кои истовремено бараат активно работа. Постојат неколку позначајни видови на невработеност:
а) Технолошка невработеност – која е предизвикана од процесот на автоматизација, кој пак е производ на интензивниот развој на технологијата, при што голем број на работници се едноставно заменети со машини.
б) Структурна невработеност – произлегува од неусогласеноста помеѓу понудата и побарувачката на работни места (се продуцираат повеќе кадри од одредена област а за нив нема толку слободни работни места)
в) Циклична невработеност – се појавува во услови на рецесија односно поголеми економски кризи, кога впрочем доаѓа до намалено производство, а со тоа и намалување, т.е. отпуштање на поголем број на луѓе
   - Инфлација – е состојба во која се намалува вредноста на домашната валута преку зголемување на цените на СИТЕ производи, при што мора да се печатат дополнителни количини на пари: зголемување на цените + печатење на пари = намалување на вредноста на валутите. Колку за илустрација, постои добра метафора за инлациската состојба: Во нормални економски услови, одите со пари во џеб за да купите една кошница со производи. Во услови на инфлација, одите со кошница полна со пари за да купите производи кои ќе ги ставите во џеб

2.      Социо – културни фактори – оваа група на фактори е релативно поапстрактна за разлика од претходната група. Тука, основен акцент се става на улогата на општествената нееднаквост (стратификација). Се наведуваат и други аспекти кои влијаат на сиромаштијата како на пример општествената мобилност (преминување од една општествена група во друга, или движење во рамките на една група), потоа се истакнува влијанието на животните циклуси врз сиромаштијата, при што се потенцира дека во младоста, семејството и поединците се посиромашни, па дека во зрелоста се намалуваат потребите, а се зголемуваат доходите и приходите, за да во староста (пензија) луѓето живеат скромен живот.

No comments:

Post a Comment