Sunday, April 12, 2015


Мерење на сиромаштијата; Култура на сиромаштија

Кога станува збор за мерење на сиромаштијата, односно дали сиромаштијата може објективно да се измери, одговорот тешко се пронаоѓа со оглед на релативноста и мултидимензионалноста на овој феномен. Покрај многуте методи за мерење на сиромаштијата во овој текст ќе се задржиме на неколку од нив:
-          Доходот како мерка за сиромаштијата – доходот (семеен буџет) најчесто се зема како делумно објективен критериум за одредување на состојбата во едно семејство. Се смета дека оние со ниски доходи немаат доволно куповна (фина-нсиска) моќ да ги купат неопходните продукти. Со ова се поврзува и поимот потрошувачка кошница – неопходните продукти (просечни) за едно четири члено семејство за еден месец, пресметани во пари (во РМ вредноста на оваа кошни-ца варира но отприлика изнесува околу 12 000 денари). Но она што се забележува како мана на овој метод е фактот дека не секогаш луѓето ќе ги потрошат своите пари на овие нео-пходни продукти, туку може да ги потрошат за нешто сосем ирелевантно и непотребно (нерационално трошење). Друга слабост е фактот дека луѓето не добиваат финансиски сре-дства само преку доходите, туку и од други извори/приходи (кирии, надоместоци од земјиште и сл)
-          Релативен метод – со овој метод е поврзан поимот релативен приход (просечен приход), како и одредување на т.н. линија на сиромаштија (50, 60 или 70% во зависност од државата). Имено, релативниот (просечниот) приход е коли-чината на пари неопходни за едно семејство да функционира (опстои) нормално.
-          Бруто национален производ (БНП) – се дефинира како вкупна вредност на сите финални добра и услуги за една година на сите државјани на една земја (без разлика на нивната местоположба). Тука не се пресметуваат доходите на странците во РМ. Сличен поим со овој е Бруто домашен производ (БДП) кој ги опфаќа финалните добра и услуги во 1 година во рамките на една земја (без разлика дали се странци или државјани на РМ). Откако ќе се утврди БДП на една земја, таа во зависност од висината на БДП-то, се определува како сиромашна или богата земја.
2. Култура на сиромаштија – како е да се биде сиромашен – оваа теорија е една од доминантните посебно во 70-те години на минатиот век. Најпознатиот претставник на оваа теорија, Оскар Луис смета дека  сиромаштијата е една супкултура која има различен начин на живот заснован врз посебните вредности кои се појавуваат во сиромашните квартови. Тие вредности најчесто се однесуваат на немањето желба за успех, маргиналност, беспомошност и зависност. На ниво на семејството, доминираат вредности од типот на слободни врски и диви бракови, зголемен број на разводи, напуштање на семејството (најчесто од страна на таткото) и сл. На ниво на заедница, кај сиромашните постојат вредности кои се однесуваат на отсуство или намалено учество во институциите на општеството и сл. Друг значаен аспект на оваа теорија е ставот дека еднаш откако ќе се воспостави сиромаштијата во едно семејство, таа се обновува преку генерациите и не може да се искорени, од проста причина што децата на 6 или 7 години во сиромашно семејство, веќе се задоени со вредностите на својата поткултура (сиромаштија) и тешко можат да излезат од таа состојба.

3. Социјално исклучување – е поим кој се однесува на состојбата во која еден поединец или група не може да учествува во клучните аспекти на општеството во кое живее. Тие „клучни аспекти се прилично тешки за одредување со оглед на релативноста која со себе ја носат. Меѓутоа, може групо да се определат во четири димензии: а)Потрошувачка – способност да се купуваат добра и услуги; б) Производство – учество во еко-номски активности; в) Политички ангажман – Вклу-ченост во донесувањето на одлуки на локално/национално ниво; г) Општествена интеракција – воспо-ставување на контакт со семејството, пријателите и заедницата во која се живее. Се смета дека доколку овие 4 аспекти се оневозможени, тогаш поединецот е социјално исклучен. 

No comments:

Post a Comment