Кога станува збор за поимот етничка
дискриминација, или пак за било кој друг вид на дискриминација, не-опходно е да
се илустрираат и објаснат и поимите кои се “придружни” на поимот дискриминација, а тоа се стерео-типите и предрасудите.
Стереотипи – се обрасци
на верувања или мислења за одредена група,т.е. збир на особини кои ја
дефинираат одредена група (погрешна генерализација или претстава за таа група)
Предрасуди – се негативни стереотипи (логички нео-сновани
уверувања, вредности и ставови спрема објекти или поединци, т.е. групи)
Дискриминација – акција
заснована врз предрасуди
Предрасудите се карактеризираат со стереотипни
верувања кои најчесто не се емпириски проверени, туку се засновуваат врз личните искуства и ставови. Пре-драсудите се релативно стабилни и трајни ставови, вткаени во животните
искуства на луѓето.
Основна последица од постоењето на предрасуди е
неоправдано подредено сместување на поединец или група, и како таква, таа е
суштински неправедна.
Дискриминацијата е
поим кој во секојдневниот говор означува просто „нефер” третман, во социологијата се појавува пред се,во контекст на теориите за
етнички и расни односи.
Се определува како израз на етноцентризмот или, како културен феномен на „несакање на поинаквиот, различниот од
себе”.
И покрај постоењето на теории кои на некој начин
неги-раат дека постои нужна поврзаност меѓу предрасудите и дискриминацијата, сепак, општо
прифатено е дека тие два феномена се повеќе од комплементарни. Имено,
секоја дискриминација подразбира постоење на предрасуда, но не секоја предрасуда подразбира
дискриминација.
Кога станува збор за етничката дискриминација,
најпрво мора да го дефинираме поимот етничка група. Етничката група е заедница
на луѓе кои исполнува три критериуми:
-
Припадниците
на таа група имаат заедничко потекло;
- Припадниците
на таа група имаат заеднички (ист) јазик;
-
Припадниците
на таа група имаат заедничка религија.
Етничката дискриминација е општествена појава во
која се дискриминираат (омаловажуваат, навредуваат и потчинуваат) припадниците
на една етничка заедница (етникум). Ова значи дека се дисквалификуваат
припадниците на една етничка група да остварат нешто што е достапно за
останатите, само поради тоа што се Турци, Власи, Албанци, Срби и сл.
Овој вид на дискриминација може да се забележи во
скоро сите општествени области: економијата, образованието (во РМ, 55% од
родителите не би ги пратиле своите деца да учат во училиште кадешто мнозинство
е друга етничка група), културата па и политиката.
Глобална
миграција
Поимот миграција најчесто упатува на перманентно
(постојано) движење на поединци/групи во нови подрачја или заедници. Исто
така, миграцијата како општествен феномен, се интензивира во последните 200
години. Причини за засиленото темпо на мигрирање се најчесто процесот на индустријализација, кој ги принудувал
луѓето ширум светот на масовно мигрирање на релација село-град. Тесно поврзан
со индустријализацијата е и процесот на урбанизација
(процес на формирање и развој на градовите). Секако дека овие масовни миграции
предизвикувале тектонски демографски промени на светското население, без
разлика дали тие се позитивни (развој на одредени области) или негативни
(изумирање т.е. исчезнување на огромен број на села па и градови).
Она што највеќе ги интересира социолозите се
причините поради кои луѓето се одлучуваат да се преселат на друго место. За
таа цел, постојат два фактори:
-
Истискувачки (push)
фактори се оние кои
предизвикуваат миграција се со цел зголемување на сигурноста (на пример, луѓето
од едно место мигрираат во друго поради високата стапка на невработеност)
- Привлекувачки (pull) фактори се оние кои охрабруваат
преземањето ризик за миграција се со цел добивање поголем приход (на пример,
луѓето мигрираат од едно во друго место поради нискиот животен стандард на
местото од кое се иселуваат).
Понатаму, меѓу причините поради кои луѓето
мигрираат се наведуваат: економските, политичките, потрага по подобро
образование и сл.
И на крај, постојат два поима кои изгледаат дека
се слични, но треба да се прави разлика во нивното значење:
-
Емиграција
– е појава која се
дефинира како отселување на луѓето од одредена територија поради одредени
причини кои можат да бидат од социјална, економска, културна или политичка
природа;
-
Имиграција
– е појава на
вселување во одредена земја. Всушност и емиграцијата и имиграцијата означуваат
ист процес, меѓутоа зависи од кој аспект се гледа на мигра-цијата (дали од
земјата ОД која се иселува поединецот, или ВО земјата во која се вселува)
No comments:
Post a Comment