Sunday, December 14, 2014

Македонското општество и глобализацијата

Глобализацијата е процес кој го обележува 21 век, меѓутоа нејзиното влијание започнува да се интензивира уште при крајот на 18 век. Се до почетокот на 90-те години на минатиот век, светот генерално беше поделен на два блока: капиталистички (САД и повеќето развиени европски земји) и социјалистички (Русија како СССР, Југославија како и Кина и Куба). Овие два блока имаа на некој начин и физичка граница, Берлинскиот ѕид. Меѓутоа, во 1989, рушењето на Берлинскиот ѕид стана симбол и за рушењето на границите помеѓу двата блока (Рушењето на Берлинскиот ѕид).

Периодот во кој се руши Берлинскиот ѕид е истиот во кој се распаѓаат и социјалистичките сојузи как СССР и Југославија (отприлика 27 евроазиски земји започнале процес на тра-нзиција (премин од социјализам во капитализам). Маке-донија како дел од Југославија, исто како и сите останати членки, започнува со процесот на осамостојување. Како редок случај во кој немало крвопролевање, Македонија станува независна на 8 септември, 1991 година.
Со самото осамостојување, македонското општество било предодредено кон коренити промени на неговата структура. Неспорно е влијанието на глобализацијата врз овие про-мени, со оглед на желбата на Македонија да се приклучи кон западно европските алијанси како ЕУ, НАТО, ООН и сли-чно. Накратко ќе ги објасниме најзначајните промени:
§  Промена на општествените институции – подразбира главно, промена на политичката структура, односно преминување од еднопартиски во повеќепартиски систем кој е производ на демократијата;
§  Процесот на приватизација –  се однесува на промена на со-пственоста. Имено, во социјалистичкиот период, сопстве-носта беше општествена, односно се беше на секого. Денес, најголемиот дел од претпријатијата се во сопственост на физички лица, поединци, а само мал дел поседува државата РМ. Она што е интересно е тоа што поединците кои во минатиот систем беа на раководни позиции во фирмите, денес се сопственици на истите. Приватизацијата имала неколку цели: зголемување на економската ефикасност (про-дуктивност), зголемување на вработеноста и сл. Конкретно во РМ, овие цели беа превртени со главата надолу„ т.е. се намали продуктивноста, се зголеми невработеноста и многу фирми згаснаа или исчезнаа.
§  Афирмација на т.н. граѓанско општество – кое се воспоставува со самото донесување на Уставот на РМ. Поимот граѓанско општество упатува на посебен вид на општество во кое предвид се има јавното учество на граѓаните во доброволни здруженија, професионални здру-женија, невладини организации, потоа почитување на политичките права на граѓаните, постоење на граѓански обврски (учество на граѓа-ните во решавање на јавни проблеми) и сл.
   Сосема друг дел е оној за последиците од глобализацијата во РМ. Меѓутоа, овие последици кои ќе ги наброиме се индиректно поврзани со глобализацијата со оглед на тоа што настанале како резултат на транзицијата (премин од еден општествен систем во друг) на РМ, која пак, е неопходен чекор за фаќање приклучок во „глобалниот свет:
Ø Драстично зголемување на стапката на невработеност, што е резултат на неуспешната приватизација кога повеќето претпријатија и фабрики се продадоа и после тоа се затворија;
Ø  Зголемена стапка на криминал – која се објаснува со матната транзиција во која не се јасно преци-зирани голем број на економски и политички аспекти;
Ø  Ерозија на вредносниот систем и зголемување на социјалната несигурност – ова се однесува на драстичните промени во вредносниот систем кои се отсликуваат во намален морал кај луѓето, непочитување на традицијата и сл

Ø  Други последици – како на пример зголемена стапка на корупција, непочитување на законите и сл. 

Wednesday, December 10, 2014

Култура, глобализација и идентитет

Во социологијата, поимот култура има пошироко значење за разлика од она во секојдневниот говор. Имено, за социолозите, културата е сфатена како СЕ она што се пренесува повеќе социјално отколку биолошки, односно културата е општ термин кој се однесува на симболичките и научените аспекти на човековото општество. Со други зборови, културата е збир од знаења, верувања, уметност, морал, право и обичаи кои човекот ги создал и пренесувал живеејќи во едно општество.
Културната глобализација е релативно долг процес  кој се однесува на создавање на стандардни, унифицирани (еди-нствени) културни елементи преку поврзување на различни култури. Меѓутоа, во науката, се почести и погласни се ставовите дека всушност, културната глобализација како процес е вештачки создаден и наметнат од носителите на процесот на глобализација (САД) и затоа културната глобализација често се нарекува американизација, вестер-низација, чија единствена цел е наметнување на амери-канската култура.
Друг концепт поврзан со културата е масовната култура или т.н. популарна култура. За подобра илустрација и сфаќање на овој поим, неопходно е да се направи разлика помеѓу популарната култура (која ги опфаќа спортските настани, ТВ, филмовите, снимената забавна музика и сл) и високата (елитна) култура која се однесува на класичната музика, сериозните романи и стрипови, поезијата, балетот, високата ликовна уметност и др. аспекти кои вообичаено се почи-туваат и ценат од страна на релативно мал број на обра-зовани луѓе.
Несомнено е дека популарната или масовната култура е широко распространета и достапна за најголемиот број на луѓе ширум светот. Главниот акцент во масовната култура е ставен на забавата, но останува фактот дека овој вид на култура е со далеку понизок квалитет во споредба со висо-ката култура. Главна улога во пренесувањето на популарната култура секако имаат масовните медиуми (ТВ, интернетот и компјутерите). Малку подетално предавање за тоа што пре-тставува популарната култура ќе најдете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=6-8u9m4oYBQ
Што се однесува до идентитетот и влијанието на глобализа-цијата врз истиот, неопходно е прво да се запознаеме со самиот поим идентитет, кој потекнува од латинското зборче idem кое подразбира истоветност, непроменливост и конти-нуитет. Терминот идентитет се користи широко и слободно во смисла на чувство за себство (пример класен идентитет, полово родов идентитет и сл). Во потесна смисла, иденти-тетот е сфатен како збир на карактеристики на еден поеди-нец, својствени само за него. Меѓутоа, сложеноста на пои-мот идентитет упатува на заклучокот дека еден поединец може да поседува повеќе идентитети (личен, културен, етнички, национален идентитет и сл). Кога станува збор за влијанието на глобализацијата врз идентитетите, како и обично постојат две објаснувања: едното според кое, глоба-лизацијата односно модерниот свет овозможува поголема индивидуалност и избор помеѓу широкиот спектар на идентитети, а самото тоа пак, овозможува поголеми шанси за себеактуелизација (луѓето да откријат нешто во себе кое не е вештачко или наметнато од традицијата или религи-јата). Другото објаснување, она песимистичкото нагласува дека современото општество создава висок степен на отуѓе-ност, губење на границите меѓу себството (идентитетот) и културата. Според претставниците на ова размислување, ова води кон пораст на нарцисоидната личност и себичноста.
До неодамна, најчесто идентитетот се одредувал според нацијата или етничката група. Меѓутоа денес, луѓето, во услови на глобализација, односно поврзаноста со другите култури, на поединците им дава можност самите да изберат основа врз која ќе го изградат својот идентитет, независно дали тоа ќе биде културата, еничката припадност, еконо-мскиот аспект, политичката определба или сл.