Saturday, October 17, 2015

Размена, институции и традиционални општества

1.      Појава и развој на размената
Прв облик на размена е подарувањето. Еден од најпо-знатите првобитни форми на размена е ПОТЛАЧразмена на добра за време на празници, која е пропратена со разни ритуали. Овој вид размена е НАМЕТНАТ (обврска да се даде, да се прими и да се возврати со подарок). Прв кој го проучувал потлачот е Марсел Мос (внук на Диркем) кој сметал дека потлачот е тотален општествен феномен (во себе ги вклучува сите постоечки институции: економски, политички, религиозни и сл). Да не се возврати на подарокот значи губење на образот (угледот).
Втор познат облик на размена е КУЛА-РИНГ (го проучувал антропологот Бронислав Малиновски) е посложен тип на размена од потлачот. Ги има истите 3 аспекти, но фу-нкцијата на оваа размена е одржување на односите меѓу жителите и развивање на солидарноста. Се разменуваат школки и ѓердани кои имаат религиозна вредност, а оној што ги има е со висок углед, престиж и социјална моќ. Тука во прв план не е размената на добра со иста вредност, туку размена меѓу луѓе од еднаков ранг (социјален статус).
2.      Појава и развој на општествените институции
Општествена институција може да се дефинира како механизам на социјална структура составен од збир на правила и цели. Па така, првите институции кои се појавиле биле:
а) Земјишна сопственост – се појавува бидејќи луѓето престанале да се движат (да бидат номади) и морале да почнат да поседуваат земја за обработка. Во склоп на оваа институција, се појавуваат и првите закони и норми за регулирање на правото на сопственост.
б) Држава – како институција, се појавува во оној момент кога се појавува поделбата на трудот (во земјоделските општества) и појавата на вишок производи Државата на почетокот се појавува како институција која ќе ја обе-збедува, одржува и гарантира состојбата на одредена заедни-ца (општество). Основните функции на државата  биле:
- Да ја заштити сопственоста врз приватното поседување на земја;
- Да ги заштитува односите меѓу групите со различна положба во општеството;
- Да ја одржува сопствената власт на одредена територија.
в) Семејство – во првобитните општества, семејството било исто што и групата. Подоцна, во рамките на земјоделските општества, се појавува семејството како основна опште-ствена група. Доминантен облик на семејна организација е патријархалното семејство, кое воедно било и автархично (самодоволно, произведувале онолку колку што им треба).
г) Религија – е исклучително важна институција кога станува збор за уредувањето на односите меѓу луѓето. Таа се дефинира како систем од верувања кои се однесуваат на натприродните нешта. Во земјоделските општества, луѓето биле зависни од природата, па затоа во овие општества тие биле многу порелигиозни.
3. Традиционалните држави и промените во традиционалните општества
Поимот држава прв го употребил Николо Макијавели во 16 век со кој сакал да дефинира механизам (орган) на владејачката класа за спроведување на класните интереси
-         Државата е историска категорија (создадена е некогаш, и некогаш мора да исчезне)
-      Со развојот на поделбата на трудот, појавата на приватната сопственост, зголемувањето на јазот меѓу богати и сиромашни, се појавува нова општествена организација
-       Една од најзначајните теории за настанокот на државата е онаа на Маркс, според која, државата се појавила тогаш и таму кадешто општеството почнало да се дели на две непомирливи класи (кои константно се во конфликт)
Државите кои настанале во рамките на традиционалните општества се т.н. традиционални држави.
За да подобро се разберат овие општества, неопходно е да се објасни поимот традиција, кој потекнува од латинскиот збор tradere, кој значи пренесување. Па така, традицијата може да ја дефинираме како збир на општествени практики кои застапуваат одредени норми и вредности кои се во конти-нуитет (поврзани) со минатото (традиција е она што доаѓа само по себе и за кое не се прашува, не станува збор). Со текот на времето, традиционалните општества биле подло-жни на промени со што се променила целокупната структура на таквите општества. Постојат три фактори:
1.      Еволутивниот тек на внесување иновации(промени) во заедницата, природен тек на промените. Треба да се спомне дека членовите на традиционалните општества многу тешко ги прифаќале промените, морало да проверуваат по којзнае колку пати за да прифатат некоја иновација, промена.
2.      Наметнувањето политичка власт од друга држава (колонијализмот) во голема мера ги видоизменувал општествата, бидејќи една држава својот политички и соци-јален контекст го наметнува врз некоја друга држава
3.      Индустријата/индустријализацијата – овозможила ситуација во која оние селани кои неможеле да се снајдат во традиционалните општества (села) морале да одат во градот да работат во индустрискиот сектор. Тоа било на почетокот на појавата на индустријата, но понатаму, се појавил процен на масовна урбанизација и миграција од село во град, каде што условно кажано, постоеле подобри услови за живот на луѓето.





Општествата во текот на историјата

Историјата на човештвото не почнува со појавата на државата и писменоста, напротив, постои еден период од околу 600 000 години. Од технолошки аспект, општествата може да се поделат на:
а) Општества на собирачи и ловци – се всушност првите општества во историјата на човекот. Наречени се уште и првобитни. Овие општества имаат неколку карактеристики како на пример фактот дека најголем дел од времето го минувале во ловење и собирање плодови. Не постоела развиена поделба на трудот и членовите на овие општества биле премногу зависни од природата. Кога сме кај членовите на овие општества, треба да се напомене дека тие биле номади (често се преселувале од едно во друго место, т.е. немале постојано живеалиште).
Бидејќи не постоел никаков вид на сопственост, луѓето тука биле целосно соединети со колективот (заедницата) и токму затоа не се разликувале едни од други. Што се однесува до нивниот систем на правила (нормативен систем), во овие општества на постоел развиен нормативен систем, туку нивното однесување било поврзано со табуата (забрани). Овие забрани биле во функција на одржување на заедницата. Прекршувањето на табуата секогаш носело одреден вид на санкција (казна), која пак, секогаш била надворешна, т.е. доаѓала од другите членови и тоа најчесто во форма на срам (оној што ќе го прекршел табуто, бил столбот на срамот).
Кога станува збор за семејството, треба да се напомене дека во првобитните општества поимот семејство се преклопувал со групата, во која не биле регулирани сексуалните односи. Подоцна се развил посебен вид на семејство, наречен пуналуа (една група на мажи стапуваат во брак со една група на жени). Развојот на семејството подоцна го носи синдијазмичкото семејство кое било сочинето од неколку парови на мажи и жени.
б) Сточарски и земјоделски општества – се појавуваат во оној момент кога луѓето почнале да припитомуваат животни и да ги користат нивните производи. Луѓето тука биле полу-номади, бидејќи преку лето морале да бидат на планините со животните, а зимно време биле во низините. Тука, за прв пат доминантни стануваат ритуалите, кои пред се, биле насоче-ни кон животните за да луѓето имаат поголема корист од нив.
Меѓутоа, земјоделските општества се појавуваат со појавата на сопственоста (Жан Жак Русо вели дека сопственоста се појавила оној момент кога некој поединец заградил парче земја и рекол дека е негово, на што и останатите му пове-рувале). Со овие две промени, се променува и структурата на самите општества. Имено, луѓето веќе не се номади, туку нивното живеалиште се одредувало според тоа каде им е земјата за обработка. Овој вид на општества се појавува некаде пред 10 000 години и доминираат се до индустри-ската револуција. Првите вакви општества се создаваат по тековите на најголемите реки бидејќи земјата таму е на-јплодна. Токму затоа, првите облици на системите за наводнување се појавуваат во земјоделските општества

в) Индустриско општество – се појавува некаде крајот на 18 и почетокот на 19 век. Ова е сосема различен вид на општество од претходните, бидејќи земјоделството станува секундарна активност на луѓето, а индустријата (појавата на машини, фабрики и сл) зема централно место. Со појавата на индустријата се случуваат низа промени кои го опфаќаат семејството, начинот на живот и местото на живеење (повеќе за индустриското и по-стиндустриското општество во темата Глобализација).