1. Современи анализи (теории) за стратификацијата
Овие современи теории за стратификацијата најчесто го
опфаќаат дефинирањето и објаснувањето на нееднаквоста во постиндустриските
општества. Како најзначајни претставници се истакнуваат :
1. Ерик
Олин Рајт (1947-)
e приврзаник на марксистичката
теорија, но внесува нови моменти во неговата теорија. Па така, неговата теорија
за страти-фикација се засновува врз три аспекти: степен на контрола на средствата за производство, инвестици-ите и
работната сила. Од овие три аспекти произлегу-ваат три класи: буржоазија (класа која има контрола врз
сите три погоре спомнати аспекти), потоа пролетеријат
(класа која нема контрола врз ниеден аспект) и ситна буржоазија (класа која има контрола врз производството и
работната сила – менаџери, сопственици на мали претпријатија и сл).
2. Џон
Голдторп (1935
– ) e на некој начин следбеник на
Веберовата концепција но и тој како и Рајт, внесува извесни модификации. Во тој
контекст, тој во опре-делувањето на нееднаквоста тргнува од два критериуми: ситуираност на пазарот (покажува колку
една професија е барана на пазарот на трудот) и ситуираност во процесот на трудот. Меѓутоа, генерално гледано,
неговата теорија наидува на остри критики поради не-говата теза дека мажот во
семејството го одредува статусот на семејството.
2.
Класификации
во општеството
Поделбата на луѓето во општествата се врши според повеќе
критериуми, но тука ќе спомнеме само два:
1. Поделба
според занимањата – кадешто
постојат два основни видови на занимања: мануелни (физички активности-работници) и немануелни
(умствени активности-менаџери, финансиски службеници и сл). Она што е
важно во овој контекст е дека после 70-те години на минатиот век, значително
опаѓа процентот на мануелните занимања најчесто како последица од интензивната
автоматизација и технологизација на сериското производство.
2. Поделба според доходот – Доходот претставува паричен надомест за извршена работа (плата, пензија,
алиментација и сл). Слично на доход е поимот приход, кој подразбира добивка
врз основа на некоја сопственост (имот, земјиште и сл). Со овој критериум, се
разликуваат богати и сиромашни.
No comments:
Post a Comment