Поделбата на висока, средна и ниска класа во најмала рака
може да се каже дека е импровизација, меѓутоа, вреди да се спомнат барем по
неколку карактеристики на секоја од нив.
За високата класа важи дека таа е
најмалку застапената класа во било кое општество (некаде од 2-4%). Припадниците
на високата класа го поседуваат најголемиот дел од капиталот и сопственоста
(тие 2% најчесто поседу-ваат повеќе од 40 % од вкупното богатство на една
земја). Исто така, тие уживаат висок степен на углед и моќ, благодарение на
угледните занимања кои ги имаат (брокери, директори, сопственици на банки, на
МНК и сл). Она што е можеби најзначајно за оваа класа е тоа што таа е делумно затворена
(припадниците воспоставуваат односи само меѓу себе, додека
комуникацијата со припадниците од другите класи ги сведуваат на минимум).
Најчесто, припадниците на високата класа своето богатство го наследуваат, но
има и такви кои богатството го стекнале во текот на животот. Последна
карактеристика на оваа класа е нејзината моќ (политичка и економска). Припадниците
на оваа класа во голем степен влијаат врз политичките одлуки.
Средната класа е најхетерогената класа а во исто време е и најбројна.
Оваа класа е најтешка за дефинирање токму поради нејзината хетерогеност
(различност). Кога би требало да ги определиме видовите на занимања својствени
за оваа класа, тогаш би почнале со касиери/ки, секретарки и би завршиле со
менаџери и сопственици на помали бизниси и претпријатија. Меѓутоа, за да
работите бидат појасни, се тежнее средната класа да се подели на три поткласи:
високо-средна
класа во која би спаѓале менаџерите, финансиските стручњаци, директори
и сопственици на помали фирми, факултетски професори, доктори и сл. Потоа следи
средно-средната
класа во која би спаѓале наставниците, адвокати, економисти, архитекти
и инженери и сл. Во последната поткласа, ниско-средна класа би спаѓале касиерки/и,
секретарки, келнери и сл. односно поединци без високо образование. Границата
помеѓу оваа поткласа и работни-чката класа е многу тенка, така што понекогаш и
не се прави разлика помеѓу нив.
Карактеристики на ниската (работничка) класа
Самиот поим укажува дека доминантниот
дел од припадниците на оваа класа се работници (луѓе кои работат мануелни
занимања). Постои широк спектар на особини на оваа класа, но во интерес на
подоброто разбирање, ќе ги наведеме само најзначајните како што е на пример
фактот дека тука спаѓаат вработените во услужните дејности кои немаат високо
образование, и луѓе кои кога се воведуваат иновации (промени) се приморани
најчесто да го напуштат работното место и да се преквалификуваат за друго
занимање.
Исто
така, припадниците на оваа класа немаат речиси никакви можности и простор за
напредување, и работата ја сфаќаат како извор на заработувачка, а не како лично
задо-волство. Во врска со работничката класа, социолозите ширум светот,
забележале два дијаметрално спротивни процеси својствени за работниците:
1.
Првиот
е наречен буржоазирање и се
однесува на тенденцијата на работниците во развиените општества да се „претопуваат” во средната класа, т.е. да ги прифаќаат и практикуваат
навиките, вредностите и нормите на оние од средната класа. Во овој контекст,
работниците веќе имаат друга цел: да се заработи што повеќе
2.
Вториот
процес се нарекува пролетеризирање и подразбира тенденција на континуирано
влошување на состојбата на работниците (ниски плати, низок животен стандард,
марги-нализација и сл).
Покрај сите овие карактеристики, неминовно е да се спомне
и присутноста на т.н. фаталистичка свест кај работниците, која се однесува на
помиреноста на ра-ботниците дека нивната состојба неможе да се промени.
Согласно ова, тие се фокусирани само на сегашноста (живеат ден за ден) и многу
малку размислуваат за идни-ната. Меѓутоа, од друга страна, за работничката
класа важи и тоа дека се прилично чувствителни и солидарни со околината.
3.
Постои
уште еден слој, наречен поткласа или според Маркс, лумпенпролетеријат, група на
луѓе кои се отфрлени од општеството (невработени и сиромашни, социјално
исклучени лица и сл)